Македонијатурист АД Скопје има потреба од ПРАВНИК
Компанија: Македонијатурист АД Локација: Скопје, Македонија Тип на ангажман: Полно работно време
ОПИС НА ПОЗИЦИЈАТА Македонијатурист АД, водечка хотелска и туристичка групација во Македонија со повеќе оперативни објекти и долгогодишна традиција, објавува конкурс за позицијата Правник. Оваа позиција е клучна за правната сигурност и усогласеност на целата групација.
КЛУЧНИ ОДГОВОРНОСТИ: · Подготовка, анализа и ревизија на сите видови договори (трудови, комерцијални, снабдувачки, закуп, франшиза итн.) · Обезбедување целосна усогласеност со важечките закони и прописи во Република Северна Македонија · Давање правни мислења и совети на сите организациони единици и раководството · Учество во преговори со деловни партнери, добавувачи и институции · Следење на судски и управни постапки, застапување на друштвото пред судови и институции (или координација со надворешни адвокати) · Учество во изработка и ажурирање на внатрешни акти, политики и процедури · Следење на промени во законодавството релевантни за хотелско-угостителската и туристичката дејност · Поддршка во корпоративно управување, подготовка на материјали за Управен одбор и Собрание · Соработка со надворешни правни служби и институции кога е потребно
КВАЛИФИКАЦИИ И ВЕШТИНИ: · Дипломиран правник со положен правосуден испит · Минимум 5 години работно искуство на правни работи, од кои најмалку 3 години во стопанско право или во компанија · Искуство во угостителска/хотелска индустрија или во компании со повеќе деловни субјекти ќе се смета за предност · Одлично познавање на Законот за облигациони односи, Законот за работни односи, Законот за трговски друштва, даночно законодавство и др. · Одлично познавање на MS Office (Word, Excel, PowerPoint) · Одлични аналитички способности, преговарачки вештини и внимание на детали · Висок степен на професионалност, дискреција и етичко однесување · Активно познавање на англиски јазик (писмено и говорно); познавање на втор странски јазик е предност
ШТО НУДИ МАКЕДОНИЈАТУРИСТ АД · Картичка за дневен оброк · Бонус систем врз основа на индивидуални и организациски перформанси · Програми за обука и професионален развој во рамки на групацијата · Попусти во хотелите на Македонијатурист АД и партнерските брендови · Работа во современа и динамична средина со високи професионални стандарди · Можност за кариерен развој и напредување во рамки на групацијата
АПЛИЦИРАЈ: Испратете ја Вашата биографија (CV) и мотивационо писмо на е-пошта: [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака во предметот: „Правник“
Рок за аплицирање: до 12.12.2025 година
Сите апликации ќе бидат третирани со строга доверливост. Само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани.