Доколку си личност на која ѝ е предизвик:
• да имплементира нови фармацевтски технологии,
• да учествува во развој и оптимизација на производствени процеси,
• да влијае директно на квалитетот на нови производи,
• да решава девијации и предлага ефикасни корективни и превентивни мерки –
тогаш ова е позицијата создадена за тебе!
ТВОЈАТА УЛОГА ЌЕ ВКЛУЧУВА:
- Учество во развој и оптимизација на процеси за фармацевтско производство
- Имплементација на нови производствени технологии и скалирање на производствени параметри
- Поддршка при валидација на процеси и изработка на поврзана техничка документација
- Учество во анализа на производствени девијации и предлагање на CAPA (корективни и превентивни мерки)
- Поддршка при развој на нови производи и подобрување на постојни формулации
- Работа со високософистицирана опрема, во согласност со GMP и EU стандарди
КОГО БАРАМЕ?
- Магистер по фармација
- Со или без претходно работно искуство во фармацевтска индустрија
- Прецизна и одговорна личност, со желба за учење и успех
- Лице што размислува аналитички, има „око за детал“ и сака да се надоградува
- Личност која не бега од предизвици и сака да биде дел од амбициозна приказна
ЗОШТО СИНЦЕРИТАС?
Синцеритас е фармацевтска компанија основана во 2017 година, специјализирана за производство на медицински канабис производи. Ние сме извозно ориентирана компанија, со производствен погон во Северна Македонија и деловни активности во Германија.
Работиме според највисоките европски и индустриски стандарди, со GACP, EU GMP, ISO 9001, 14001, и 45001 сертификати. Нашата работа се води од европски менталитет, каде што извонредноста, дисциплината и квалитетот се начинот на кој градиме успех.
ШТО НУДИМЕ?
- Работа во динамична и иновативна средина
- Менторство од домашни и странски експерти
- Можност за обуки во странство и професионален развој
- Вклученост во високоинтегрирани производни процеси
- Бонус програма и наградување според перформанс
- Програма за лојалност и долгорочна кариера во рамки на компанијата
АПЛИЦИРАЈ:
Испрати CV и кратко мотивациско писмо на hr@sinceritas.mk, најдоцна до 30.06.2025
Во насловот на е-поштата наведи: Фармацевт – Развој и Валидација
Ако си ентузијаст кој сака да учи, да расте и да создава фармацевтски решенија што носат промена – твоето место е кај нас!