ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје е Друштво за неживотно осигурување кое се стреми кон брз развој и зголемено учество на пазарот на осигурување во Република Северна Македонија. На нашите вработени им нудиме динамична работа со можност за професионален развој и надоградба како и одлични услови за работа во средина со амбициозен и професионален тим.
Во согласност со нашата цел и стратегија имаме потреба од мотивирани кандидати за вработување на следната работна позиција:
Референт за административни работи во Генерална дирекција
Референт за административи работи во Генерална дирекција е задолжен за вршење на техничко административни работи за потребите на Друштвото, вклучително навремено организирање на доставувањето на материјали за работа, основни средства и останата документација во Генерална дирекција и продажни места на Друштвото, се грижи и одржува комуникација со лицата задолжени за техничко одржување на канцериите на друштвото, ги информира и се грижи за отстранување на сите дефекти нивно сервисирање, се грижи за сервисирање и одржување на службените како и врши други техничко адимистративни работи во Друштвото.
Потребни квалификации и карактеристики:
- ССС или ВСС
- Одлични комуникациски вештини;
- Професионален пристап кон работните обврски;
- Способност за тимска работа;
- Поседување на возачка дозвола Б категорија
- Познавањето на Турскиот јазик ќе се смета за предност
Доколку сакате да станете дел од нашето Друштво, испратете ни ваше CV на следната е-маил адреса: [најави се за да го видиш е-маилот] , со назнака “Оглас за вработување на Референт за административни работи во Генерална дирекција.
Со доставувањето на вашата апликација потврдувате дека прифаќате вашата апликација и лични податоци да бидат земени во предвид за идните потреби од нови вработувања на Друштвото.
Напомена: Само кандидатите што ќе влезат во потесниот круг ќе бидат повикани на интервју.