Промовирани огласи »

САД воведоа царини за Македонија и десетици други земји

Дали Трамп воопшто има право да воведува царини?

Доналд Трамп воведе царини за увозот од десетици трговски партнери на САД, вклучувајќи ги Канада, Бразил, Индија и Тајван и им даде нов рок од седум дена за постигнување трговски договор. Македонија се најде во најголемата група земји на кои им се воведени царини од 15%, заедно со Исланд, Израел, Јапонија, Нов Зеланд, Норвешка, Јужна Кореја, Турција, Венецуела и други.

Полошо поминаа Србија и БиХ, кои добија царини од 35%, односно од 30%.

Трамп ги зголеми царините за Канада на 35% откако денеска помина рокот за постигнување трговски договор, Бразил доби 50%, Индија 25%, а Швајцарија 39%.

Според извршната наредба на Трамп, новите царини од 10% до 41% за 69 држави ќе почнат да важат за седум дена. Некои од нив постигнаа договори за намалување на царините, други немаа можност да преговараат со администрацијата на Трамп.

Стоките од сите други земји кои не се наведени во извршната наредба ќе се царинат со 10%.

Кина не се соочи со нови царини зашто е среде трговски преговори со САД, додека Трамп претходно склучи договор со Европска Унија со царини од 15%.

Некои трговски партнери, и покрај тоа што почнале преговори, понудиле услови кои според мое мислење не ги решаваат доволно нерамнотежите во нашите трговски односи или не успеале доволно да се усогласат со САД по економски и безбедносни прашања, стои во наредбата на Трамп.

Тагови: Доналд Трамп царински тарифи Македдонија

Промовирани огласи »

Трајно одземање на возилата за пијани и дрогирани возачи кои дивеат низ улиците – нови ригорозни мерки

Ова е првпат ваква мерка да се воведе во Македонија.

Со новите измени на Законот за безбедност во сообраќајот, Законот за прекршоци и Кривичниот законик, на најнеодговорните учесници во сообраќајот – како што се лицата кои возат без возачка дозвола, под дејство на алкохол или дроги, и оние што управуваат со екстремна брзина – ќе им биде одземано возилото трајно. Ова е првпат ваква мерка да се воведе во Македонија.

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, кој ја сподели информацијата, истакна дека нема да има зголемување на глобите, но новите санкции ќе бидат далеку поригорозни. Освен конфискација на возилото, со измените на Кривичниот законик, секое безобѕирно управување ќе резултира и со задолжителна затворска или условна казна, покрај паричната.

На човек без возачка дозвола, под дејство на дроги и алкохол, не смее да му се дозволи да биде дел од сообраќајот, рече Тошковски.

Додаде дека на таквите возачи, ќе им ги одземат возилата и ќе бидат донирани на институции, кои потоа ќе ги стават во функција на сите граѓани.

Тагови: МВР Панче Тошковски сообраќаен прекршок

Промовирани огласи »

Во јуни раст од 22.5% на трговијата на мало со храна, пијалаци и тутун

Храната никогаш поскапа, тврдат граѓаните.

Во јуни 2025 година, во однос на истиот месец од претходната година, реалната стапка на прометот во групата Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун е зголемена за 22.5 %, соопшти Државниот завод за статистика.

Гледано по групи и класи, стапката на прометот во групата Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун номинално е зголемена за 31.5 %, а реално за 22.5 %, во Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво номинално е зголемена за 9.2 %, а реално за 5.2 %, во Трговија на мало, освен трговија со горива номинално е зголемена за 20.4 %, а реално за 13.9 % и во Трговија на мало со автомобилски горива е зголемена реално за 8.3 %, а номинално за 0.7 %

Тагови: Државниот завод за статистика пијалак

Промовирани огласи »

16 знаци дека е време да ја напуштиш работата

Твојата благосостојба е поважна од секоја плата.

Не е секогаш лесно да препознаеш кога да кажеш: „Доста е“. Ако постојано се чувствуваш празно, исцрпено или несреќно – овие 16 знаци може да ти помогнат да донесеш важна одлука:

1. Не учиш ништо ново
Секој ден ти е ист. Нема предизвици, нема развој – само рутина што те гуши.

2. Имаш ужасен шеф
Лидер кој демотивира, омаловажува или не те поддржува може целосно да го уништи твоето искуство на работа.

3. Доживуваш злоупотреба
Вербален мобинг, навреди или притисоци – ниту една работа не вреди ако страдаш психички или физички.

4. Токсична работна средина
Оговарања, притисоци – ако тимската енергија е негативна, тоа се прелева и врз тебе.

5. Никој не ги слуша твоите идеи
Ако постојано си игнориран, тоа значи дека не те вреднуваат – и веројатно нема да се промени.

6. Секое утро е борба да станеш
Ако чувството на страв и непријатност станало дел од твојата рутина – нешто не е во ред.

7. Твоето здравје страда
Главоболки, несоница, анксиозност... кога работата го загрозува здравјето, потребен е итен чекор.

8. Компанијата е нестабилна
Чести кратења, недоволно информации, одложени плати – секаде каде што нема сигурност, нема ни иднина.

9. Те тераат да правиш неетички нешта
Кога мораш да одиш против своите вредности за да „преживееш“ – тоа не е кариера, туку компромис со совеста.

10. Нема повеќе простор за раст
Се чувствуваш „заглавено“ – веќе си ја достигнал својата граница и нема следен чекор.

11. Твоите вештини не се користат
Ако не ти се дава простор да блескаш со тоа што знаеш – стагнираш и удираш во ѕид.

12. Ја изгуби страста за работата
Не те интересира што се случува, не ти е грижа. Тоа не е само замор – тоа е сигнал.

13. Колеги постојано си заминуваат
Ако флуктуацијата е висока, нешто длабоко не чини во културата на компанијата.

14. Нема повратна информација
Без фидбек, нема насока, нема мотивација – само несигурност.

15. Работата се зголемува, а платата не
Ако добиваш повеќе задачи, одговорности и стрес, а вреднувањето останува исто – тоа е експлоатација.

16. Си постојано под стрес или несреќен
Твојата енергија, расположение и самодоверба паѓаат – и тоа секојдневно. Тоа не е нормално.

🔎 Направи искрена проценка.
Ако повеќе од една точка ти звучи познато, тоа не е случајност – тоа е шема.

⏳ Животот е прекраток да го трошиш таму каде што не се чувствуваш жив.
Ти заслужуваш да блескаш – не само да преживуваш. ✨

Тагови: Лоша работна атмосфера работа под притисок

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »