Промовирани огласи »

Зошто Лабубу е толку популарен?

Лабубу е кукла од серијата „The Monsters“ создадена од хонгконшкиот уметник Кејсинг Лунг и произведена од кинеската компанија Pop Mart.

Што е Лабубу и зошто е популарен?

Лабубу е кукла од серијата „The Monsters“ создадена од хонгконшкиот уметник Кејсинг Лунг и произведена од кинеската компанија Pop Mart. Куклата има уникатен изглед со остри уши, големи очи и препознатлива насмевка, и често се купува во „слепи кутии“ каде не знаете која варијанта ќе ви се падне. Иако Лабубу почнал како локален тренд во Кина, глобалната популарност експлодирала кога ѕвезди како Лиса од Blackpink, Ријана и Ким Кардашијан почнале да објавуваат фотографии со куклите.

Како стана глобален хит?

Популарноста на Лабубу порасна драстично во 2024 година, откако неколку селебрити личности го промовираа на Инстаграм. Побарувачката стана толку голема што во продавниците низ светот се редат редици. Pop Mart, благодарение на Лабубу, ја зголеми својата вредност на берзата за повеќе од 500%, а куклата стана симбол на модерната колекционерска култура и неочекувана форма на „мека моќ“ од Кина.

Што ја прави куклата толку привлечна?

Опсесијата со Лабубу е тешко објаснива – комбинација од уникатен дизајн, елемент на изненадување, влијание од социјалните мрежи и чувството на ексклузивност. Колекционерите, како Дезмонд Тан од Сингапур, велат дека задоволството доаѓа и од „ловот“ – да се најде ретко парче без да се знае што има во кутијата. Овој тип на интеракција, заедно со емоционалната поврзаност што се гради преку видеа за „распакување“, ја одржува опсесијата жива

Тагови: тренд Лабубу кукла

Промовирани огласи »

Времето денес во Македонија – сончево со можност за краткотрајни врнежи

Сонце до попладне, потоа нестабилно – подгответе се!

Денес не очекува претежно сончево и потопло време, со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Во попладневните часови постои можност за локална нестабилност, проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи.

Во Скопје времето ќе биде претежно сончево, со повремена умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Временска прогноза за Скопје. За другите градови кликни ТУКА.

02.08.2025 Сабота   20° / 32° 06:31   20:52
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h






20°
21°
23°
25°
27°
29°
31°
32°
32°
32°
32°
32°
32°
30°
29°
27°
26°
25°

1

1

1

2

2

2

2

3

3

3

3

3

3

3

2

2

2

2
03.08.2025 Недела   21° / 33° 06:32   20:51
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h
25°
24°
23°
22°
22°
21°
21°
22°
24°
26°
28°
30°
31°
32°
33°
33°
33°
33°
32°
31°
29°
28°
26°
25°

2

2

2

2

1

1

1

1

1

2

2

3

3

3

4

4

4

4

4

4

4

3

3

2
04.08.2025 Понеделник   20° / 27° 06:33   20:50
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h
25°
24°
23°
22°
22°
21°
21°
22°
23°
22°
22°
24°
25°
26°
27°
27°
27°
20°
21°
21°
20°
20°
20°
20°

2

2

2

3

2

2

1

2

3

3

2

2

2

2

2

3

3

4

3

2

2

2

2

2

Промовирани огласи »

САД воведоа царини за Македонија и десетици други земји

Дали Трамп воопшто има право да воведува царини?

Доналд Трамп воведе царини за увозот од десетици трговски партнери на САД, вклучувајќи ги Канада, Бразил, Индија и Тајван и им даде нов рок од седум дена за постигнување трговски договор. Македонија се најде во најголемата група земји на кои им се воведени царини од 15%, заедно со Исланд, Израел, Јапонија, Нов Зеланд, Норвешка, Јужна Кореја, Турција, Венецуела и други.

Полошо поминаа Србија и БиХ, кои добија царини од 35%, односно од 30%.

Трамп ги зголеми царините за Канада на 35% откако денеска помина рокот за постигнување трговски договор, Бразил доби 50%, Индија 25%, а Швајцарија 39%.

Според извршната наредба на Трамп, новите царини од 10% до 41% за 69 држави ќе почнат да важат за седум дена. Некои од нив постигнаа договори за намалување на царините, други немаа можност да преговараат со администрацијата на Трамп.

Стоките од сите други земји кои не се наведени во извршната наредба ќе се царинат со 10%.

Кина не се соочи со нови царини зашто е среде трговски преговори со САД, додека Трамп претходно склучи договор со Европска Унија со царини од 15%.

Некои трговски партнери, и покрај тоа што почнале преговори, понудиле услови кои според мое мислење не ги решаваат доволно нерамнотежите во нашите трговски односи или не успеале доволно да се усогласат со САД по економски и безбедносни прашања, стои во наредбата на Трамп.

Тагови: Доналд Трамп царински тарифи Македдонија

Промовирани огласи »

Трајно одземање на возилата за пијани и дрогирани возачи кои дивеат низ улиците – нови ригорозни мерки

Ова е првпат ваква мерка да се воведе во Македонија.

Со новите измени на Законот за безбедност во сообраќајот, Законот за прекршоци и Кривичниот законик, на најнеодговорните учесници во сообраќајот – како што се лицата кои возат без возачка дозвола, под дејство на алкохол или дроги, и оние што управуваат со екстремна брзина – ќе им биде одземано возилото трајно. Ова е првпат ваква мерка да се воведе во Македонија.

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, кој ја сподели информацијата, истакна дека нема да има зголемување на глобите, но новите санкции ќе бидат далеку поригорозни. Освен конфискација на возилото, со измените на Кривичниот законик, секое безобѕирно управување ќе резултира и со задолжителна затворска или условна казна, покрај паричната.

На човек без возачка дозвола, под дејство на дроги и алкохол, не смее да му се дозволи да биде дел од сообраќајот, рече Тошковски.

Додаде дека на таквите возачи, ќе им ги одземат возилата и ќе бидат донирани на институции, кои потоа ќе ги стават во функција на сите граѓани.

Тагови: МВР Панче Тошковски сообраќаен прекршок

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »