Електроинженер за дизајн и проектирање на системи за автоматизација

Компанијата Компјунет инженеринг е дистрибутер на производи и услуги од големи мултинационални компании како WAGO, Schneider electric, Hydac, Extech, MDT и други, како и изведувач и интегратор на софистицирани решенија од областа на Информатиката, Автоматиката, Електротехниката и Зградната автоматизација. Бараме електроинженер за дизајн и проектирање на системи за автоматизација во област на енергетика, пречистителни станици за вода и гасификација, петрохемија, за проекти кои ги имаме со странски партнер.

Обврски и одговорности:

· Дизајн и проектирање на системи за автоматика за пречистителни станици, енергетика, гасни постројки, петрохемија и друго.

Вештини и способности:

· Напредно познавање на Microsoft office и Adobe pdf алатки

· Познавање на AutoCAD

· Искуство со CAE (електрични дијаграми, спецификации)

Потребни квалификации:

· Електротехнички факултет

· Познавање на англиски јазик

· Поседување на возачка дозвола Б категорија


 

Работата е креативна, не шаблонска, овозможува пристап до најнови технологии во светот. За кандидатите кои ќе бидат избрани предвидена е 3 месечна обука за принципите и начините на работа во Чешка.

Ве молиме вашите CV-ја да ги испратите на email [најави се за да го видиш е-маилот]

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · забава · hr вести · hr совети · блог
барај огласи за вработување »