Декра лого

КОМЕРЦИЈАЛИСТ- ПРЕТСТАВНИК ЗА ПРОДАЖБА

За компанијата: Предизвиците во областа на човечките ресурси не се само наша секојдневна работа, туку се и наша страст. Нашето знаење и експертиза ни дозволуваат да имаме уникатен пристап кон секоја задача. Нашите клиенти... повеќе за компанијата »

Во име на својот клиент, ФД Динерс Клуб Интернационал Мак АД Скопје, компанија со 25 годишна традиција во областа на платежно кредитните картички, ДЕКРА ја огласува следната работна позиција:

КОМЕРЦИЈАЛИСТ- ПРЕТСТАВНИК ЗА ПРОДАЖБА

 ОПИС НА РАБОТНО МЕСТО:

  • Склучување на договори со правни лица – трговци за прифаќање на платежни инструменти (картички) издадени од Друштвото;
  • Одржување и унапредување на односи со постоечки правни лица – трговци каде веќе се прифаќаат платежните инструменти (картички) издадени од Друштвото;
  • Договарање на продажни акции и останати бенефиции со правните лица – трговци во корист на клиентите на Друштвото
  • Контактирање со правни лица – трговци по основ на технички проблеми и останати забелешки во соработката со Друштвото;
  • Контакт со банки соработници по основ на технички и оперативни прашања со ПОС терминали и банкомати кои Друштвото ги користи;
  • Креирање на годишни, месечни и периодични планови за активности во доменот на своите одговорности и известување за истите;
  • Учество во креирање на:
    • Маркетинг стратегии и планови во доменот на своите одговорности;
    • Нови продукти, акции, бенефиции и услуги за клиентите на Друштвото;
  • Контрола на податоци за трговци кои се комуницираат преку официјалните канали на Друштвото (интернет страница, мобилна апликација, емаил, социјални мрежи
  • Ажурирање и раководење со соодветна документација и процеси во доменот на своите одговорности;
  • Изработка на извештаи на месечно и годишно ниво;
  • Активна комуникација и соработка со останати оддели во Друштвото.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

  • Минимум 1 година работно искуство или слична позиција;
  • Високо образование од областа на економските науки;
  • Одлична работа со компјутери;
  • Одлично познавање и работа со MS Office пакет;
  • Одлично познавање на македонски јазик;
  • Одлично познавање и користење на англиски јазик (усно и писмено- ниво C1/C2);
  • Познавање на албански јазик ќе се смета за предност.

ПРОФЕСИОНАЛНИ ЗНАЕЊА И СПОСОБНОСТИ:

  • Одговорност и уредност во извршување на секојдневните обврски;
  • Аналитичност, организираност и самоиницијативност;
  • Способност за тимска работа;
  • Способност за истовремена работа на повеќе задачи и приоретизација на истите;
  • Способност за работа под притисок и работа со кратки рокови;
  • Професионалност и дискретност;
  • Лојалност и припадност кон Друштвото.

 ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите професионални биографии можат да ги испратат на  [најави се за да го видиш е-маилот]

Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.

*Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА.
Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта: [најави се за да го видиш е-маилот]

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »