(преземи го огласот како слика)

Семос Едукација (www.semosedu.com.mk), најголемиот центар за компјутерска обука во Македонија бара нов член во своите редови, и тоа:
Соработник за развој на бизнис и администрација во Семос Детски Едукативен Центар
Крени два прста ако:
- Си срдечен и професионален;
- Имаш искуство при работа со деца и млади барем 2 години - во училиште или во неформално образованиe или пак си работел на проекти за поддршка на заедниците
- Претходно имаш искуство во продажба.
Токму ти ни требаш во Семос Едукација за да:
- Учествуваш во изработката на бизнис планот и поставувањето на целите за Детскиот Едукативен Центар и ИТ Академијата за средношколци, во соработка и под водство на раководителот на одделот
- Учествуваш во подготовка и реализација на продажни кампањи
- Го истражуваш пазарот и идентификуваш можности за бизнис
- Бидеш проактивен и да контактираш со собраните контакти од различни извори
- Спремаш понуди за обуки
- Вршиш упис на деца и средношколци, комуницираш телефонски или по е-маил со родители и средношколци да им кажеш кога и каде ќе се одржуваат обуките
- Следиш уплати од слушателите, се координираш со девојките од финансии и по потреба, вршиш наплата
- Учествуваш во организација и реализација на отворени денови во ДЕЦ и ИТ Академијата за средношколци
- Извршуваш други административни задачи
Ако сакаш да си посебен, факултетот ти е завршен, знаеш англиски и активно возиш, умееш со луѓе, на „ти“ си со MS Office, а ги знаеш и иновативните образовни технологии – добредојден си во Семос Едукација!
Оваа позиција е родово – балансирана, отворена е за сите апликанти.
Нас, во Семос Едукација нè има секакви – во брак или не, музичари и математичари, спортисти и љубители на ТВ новели, пазарџии и журкаџии – со нетрпение те очекуваме токму тебе, новиот шаренолик дел од тимот со кој ќе се дружиме и работиме.
Доколку сакаш да бидеш дел од фантастичната екипа на Семос Едукација, прати ни CV до 07.02.2021 година на [најави се за да го видиш е-маилот] . Среќно!
Се гледаме!