АБЦ Логистика ДООЕЛ лого

Додај во омилени

Добивај е-маил известувања за секој нов оглас.

Автомеханичар - АБЦ Логистика

АВТОМЕХАНИЧАР

АБЦ Логистика ДООЕЛ Скопје, компанија која работи во областа на изнајмување и управување со возен парк, има потреба од Автомеханичар за одржување и сервисирање на сопствениот возен парк.

Бараме одговорна, вредна и практична личност која има искуство со дијагностика, сервисирање и поправка на патнички возила.

Работни задачи:

  • Редовен сервис и одржување на возилата
  • Дијагностика и утврдување на механички дефекти
  • Замена на масло, филтри, сопирачки и други потрошни делови
  • Проверка на техничката исправност на возилата
  • Навремено пријавување на потребни поправки и резервни делови
  • Грижа за алатот, опремата и работниот простор
  • Координација со останатите членови на тимот задолжени за возниот парк

Потребни квалификации:

  • Претходно работно искуство како автомеханичар
  • Познавање на механиката на патнички возила
  • Способност за самостојно дијагностицирање и решавање дефекти
  • Возачка дозвола Б категорија
  • Одговорност, организираност и професионален однос кон работата
  • Способност за самостојна и тимска работа

Предност ќе имаат кандидатите со искуство со повеќе марки и модели на возила и познавање на компјутерска дијагностика.

Нудиме:

  • Редовно вработување и стабилна работна позиција
  • Работа со голем и разновиден возен парк
  • Обезбедени услови, алат и опрема за работа
  • Редовна и конкурентна плата
  • Можност за долгорочна соработка и професионален развој
  • Работа во организирана и стабилна компанија

Локација: Скопје

Заинтересираните кандидати можат да аплицираат со испраќање на кратка биографија (CV) или да се јават на 078 650 175

АБЦ Логистика ДООЕЛ Скопје

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »