HR 2 Unlimited лого

Додај во омилени

Добивај е-маил известувања за секој нов оглас.

Архитект – проект менаџер

За компанијата: HR 2 Unlimited е компанија специјализирана за регрутација и селекција на кадар, HR консалтинг и развој на човечки потенцијали. Нашата мисија е да ги поврзуваме вистинските таленти со вистинските можности,... повеќе за компанијата »
  • Објавен пред 11 часа
  • HR 2 Unlimited
  • Активен до 03.11.2026
  • Позиција: Архитект и ентериер
  • Локација: Скопје
  • Веб: hr2unlimited.com/

АРХИТЕКТ – ПРОЕКТ МЕНАЏЕР

Локација: Скопје

Од идеја до реализација. Од визија до резултат.

HR 2 Unlimited, за потребите на свој клиент од областа на градежништвото и развојот на недвижности, е во потрага по искусен професионалец кој ќе преземе одговорност за планирање, координација и успешно реализирање на архитектонски и градежни проекти.

ВАШАТА УЛОГА

Како Архитект – Проект Менаџер, ќе управувате со сите фази на проектите, од идејно решение и проектирање до изведба и завршување, обезбедувајќи висок квалитет, почитување на роковите и оптимално користење на ресурсите.

ГЛАВНИ ОДГОВОРНОСТИ

  • Планирање, организација и координација на комерцијални архитектонски и градежни проекти.
  • Управување со проектни буџети, рокови и динамички планови.
  • Раководење и координација на технички тим.
  • Контрола на проектната и техничката документација.
  • Координација со изведувачи, подизведувачи, добавувачи и други учесници во проектите.
  • Учество во избор и преговори со подизведувачи.
  • Следење на квалитетот на изведбата и усогласеноста со законските прописи.
  • Подготовка на редовни извештаи за напредокот на проектите.

ШТО ОЧЕКУВАМЕ ОД ВАС

  • Завршено високо образование на Архитектонски факултет.
  • Минимум 8 години релевантно професионално искуство во изградба на комерцијални проекти.
  • Докажано искуство во управување со архитектонски или градежни проекти.
  • Одлично познавање на градежните процеси, материјали, стандарди и законска регулатива.
  • Развиени организациски, лидерски и комуникациски способности.
  • Самостојност во одлучувањето, иницијативност и ориентираност кон резултати.
  • Напредно познавање на AutoCAD и MS Office.
  • Добро познавање на англиски јазик.
  • Познавање на дополнителни софтверски алатки за архитектонско проектирање ќе се смета за предност.

КАКО ДА АПЛИЦИРАТЕ

Доколку поседувате соодветно искуство и сте подготвени за нов професионален предизвик, испратете ја вашата биографија на [најави се за да го видиш е-маилот] , со назнака „Архитект – Проект Менаџер“.

Сите апликации ќе бидат третирани со целосна доверливост. Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесниот избор.

HR 2 Unlimited

Beyond Recruitment. Beyond Limits.

Останати огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »