
Плата од 45.000 ден.
ДПТУ ФУД ВЕНДОР ДООЕЛ Скопје вработува:
АДМИНИСТРАТОР ЗА МАТЕРИЈАЛНО И ФИНАНСИСКО РАБОТЕЊЕ
Опис на работните задачи:
Избраниот кандидат ќе биде задолжен за водење на материјалното и финансиското работење, изготвување и следење на влезни и излезни фактури и испратници, водење аналитички картици за клиенти и добавувачи, следење на рокови за плаќање и наплата, подготовка на документација за книговодство, архивирање и проверка на веродостојност на документацијата, како и организација и евиденција на доставата на фактури (лично, по пошта или по е-пошта). Дел од обврските опфаќаат и административна и кадровска евиденција (работни часови, отсуства и годишни одмори). И други задачи согласно со договор и систематизација.
Услови:
- Средно или високо образование (предност ќе имаат кандидатите кои имаат завршено Економски факултет);
- Познавање на материјално и финансиско работење;
- Добро познавање на Excel или некој деловен софтвер (предност ќе имаат кандидатите кои имаат добро познавање на PANTEON);
- Организираност, прецизност и одговорност.
Нудиме:
- Почетна плата: по договор, но не помалку од 45.000 денари
- Работно време: понеделник – петок, од 08:00 до 16:00 часот
- Стабилно работно место со јасно дефинирани обврски
- Договор за вработување на неопределено време
Локација на работно место:
- ул. Благоја Стефковски бр. 156/лок. 4, Населба Хиподром, 1000 Скопје
Заинтересираните кандидати можат да достават CV по електронска пошта на: [најави се за да го видиш е-маилот] или лично.
Телефон за контакт: 071889656
Лице за контакт: Никола
Слични огласи »