
(преземи го огласот во Word)
Бидете во првите редови на нашата новооснована EuroTeleSites (A1 Towers Business).
Бараме Специјалист за основни средства (Помлад Сметководител) кој ќе биде одговорен за воспоставување и водење на операциите за управување со основните средства во компанијата за базни станици .
Вашата нова работа
- Одржување на сеопфатна и точна евиденција за основни средства на организацијата
- Имплементација и управување со системи за следење на основни средства за мониторинг на статус, локација, одржување и други релевантни информации
- Координација со други оддели за идентификација и набавка на потребни основни средства
- Развивање и имплементирање стратегии за ефикасно управување со основни средства , вклучувајќи управување со животен циклус и отстранување
- Редовни физички проверки за обезбедување точност на инвентарот на основни средства
- Развивање и одржување политики и процедури за отстранување и замена на основни средства
- Идентификување можности за оптимизација на користење на основни средства и намалување на трошоци
- Обезбедување обука и поддршка за управување со основни средства на други вработени
- Подготовка и доставување извештаи за перформансите на основни средства и прогнози (AB, AHS, ARO)
- Одржување усогласеност со релевантни регулативи и стандарди поврзани со управување со основни средства
- Месечно книжење на акуруали
- Промена на постоечки договори за недвижности и активација
- SOX известување – Внатрешни контроли
- IFRS 16 книжење
- Поддршка на процесот на внатрешна и надворешна ревизија – бара длабоко познавање на сметководствена политика и детални локални и групни импликации
Што поседувате
- Имате силно, повеќегодишно искуство во улога на експерт за управување со основни средства
- Се одликувате со солидна експертиза во процеси и системи за управување со основни средства
- Сте аналитични, ја разбирате материјата (материјали, статикa, издржливост на материјали, групни или меѓународни практики)
- Имате висок степен на разбирање на процеси
- Поседувате системско знаење за SAP
- Диплома по бизнис администрација, сметководство е предност
- Вашиот став е позитивен и ориентиран кон решенија
- Имате силна способност за стратешко размислување
- Прагматизмот и ориентацијата кон резултати се суштински за вас
- Течно зборувате англиски јазик
- Имате искуство во комуникација на сите нивоа/области во организацијата
- Можете да водите групни иницијативи со хетерогени тимови кон истата цел
Што ве прави уникатни
- Енергија и подготвеност да „поместувате планини“
Што нудиме
Се надградуваме со постојано учење, нудиме отворена средина за секој поединец и обезбедуваме флексибилно работно време и канцелариски аранжмани. Ве покануваме да ни се придружите во овој нов свет на работа.
Јазик на компанијата е англиски, интервјуто ќе се одржи на англиски и македонски јазик.
Позицијата известува до Раководителот на Сметководство во EuroTeleSites Македонија.
Слични огласи »