
За компанијата:
Штедилница Можности е финансиска институција која постои повеќе од 22 години на финансискиот пазар во Република Северна Македонија, додека почетоците на микро кредитирањето преку Можности датираат од 1996 година.
повеќе за компанијата »(преземи го огласот како PDF)
Градете ја својата кариера и развивајте се како професионалец во областа на кредитирање и финансии со Штедилница Можности. Ако се идентификувате со визијата и мисијата на нашата компанија и ве интересира кредитирање и финансии, Штедилница Можности вработува:
Службеник за односи со клиенти во експозитура на штедилницата во Лептокарија
Работни задачи:
- Промоција и продажба на финансиски продукти,
- Проценка на кредитни барања,
- Подготовка на анализи и финансиски извештаи,
- Посета на клиенти кредитобаратели или кредитокорисници,
- Помош на корисниците на кредит и кредитобаратели во одредување на нивните бизнис потреби,
- Градење на квалитетни односи со клиенти.
Потребни знаења и вештини:
- Завршено високо образование со основни познавања на финансиски извештаи или средно образование со соодветно работно искуство од областа на финансии и/или банкарско работење,
- Способност за тимска работа но и самостојност,
- Добри комуникациски вештини и способност за решавање на проблеми преку ефикасна комуникација,
- Познавање македонски, албански и англиски јазик,
- Работно искуство во дејноста е добредојдено но не е задолжително,
- Мотивираност за проучување, совладување и примена на нови методологии, техники и технологии од областа на финансии и банкарство,
- Задолжително поседување на возачка дозвола Б категорија.
Бенефиции:
- Штедилница Можности нуди одлични услови за работа и можност за стручно усовршување, како и напредок и развој во кариерата,
- Континуирани обуки за професионален развој,
- Работа во интересна и динамична работна средина.
Заинтересирани кандидати, доколку сакате да станете дел од нашиот успешен тим, испратете CV на e-mail: [најави се за да го видиш е-маилот] и [најави се за да го видиш е-маилот] , со назнака за експозитурата за која се аплицира. Огласот е активен до 28.04.2026 г.
Вашите апликации за вработување ќе бидат третирани со строга доверливост.
Со праќање на вашата апликација за вработување се согласувате компанијата да може да ги собира, обработува и чува вашите лични податоци за потребите на процесот на регрутација додека трае.
Слични огласи »