Македонски Телеком: Виши специјалист за деловен развој

За компанијата: Промотивни огласи на KARIERA.mk. Доколку сакате да објавите ваш оглас и да ги најдете најдобрите кандидати за вашите работни позиции, креирајте сметка на сајтот и објавувајте огласи бесплатно. повеќе за компанијата »
  • Објавен на 11.2016
  • ПРОМО
  • Активен до 28.11.2016
  • Позиција: Програмер/Информатичар
  • Локација: Скопје
  • Веб: kariera.mk

Оглас за ангажирање во Македонски Телеком АД Скопје
 

Служба за  развој ИКТ бизниси и иновации/Сектор  за Дизајн и развој на ИКТ решенија и услуги/Област на Главен оперативен директор за деловни корисници

Работно место: Виши специјалист за деловен развој - двајца (2) извршители

Краток опис на потребни услови, работни задачи и способности/ вештини за работното место

 
Услови: 

  • Високо образование – Технички факултет – Електротехника, Природно математички факултет, Технички факултет - Информатички науки и компјутерски инженерство, Економски факултет или останати факултети
  • 5 години соодветно  работно искуство
  • Активно познавање на англиски јазик
  • Напредно познавање на MS Office
  • Основно познавање на електронско банкарство и електронска трговија 
  • Добро познавање на телекомуникацискиот пазар и конкуренцијата


Работни задачи:

  • Одговорен е за развој на продукти од стратегиски карактер и следење на нивна имплементација се до момент на лансирање  на продуктот согласно директивата за развој на нови продукти
  • Одговорен е за развој на нови сервиси и надградување на постоечките сервиси во доменот на постоечките продукти 
  • Следење на иновации од областа на мобилно плаќање, телемедицина и други стратегиски области на ДТ и анализа  на можноста за  имплементирање на тие солуции
  • Подготовка на проект планови и регуларна координација со сите инволвирани субјекти за почитување на   предвидениот рок
  • Учество во подготовката на годишниот план за развој на продукти и детерминирање на капиталниот и оперативниот буџет потребен за имплементирање на продуктите со цел остварување на финансиските резултати  
  • Учество во развој, имплементација и менаџмент  на компаниската  продуктна стратегија
  • Учество во развој, имплементација и менаџмент на компанискиот таргет систем 
  • Да одржува регуларна комуникација со IT, организациските единици за продажба и останати организациски единици  и да нуди техничка помош околу реализирање на продажниот процес
  • Подготовка на материјали релевантни за процесот за развој на продукти: Иницијален опис на продукт, деловна студија, финален детален опис на продуктот, презентација и обука на ваработени
  • Следење на животен циклус на продуктите, мониторирање на бројот на корисници и ескалација доколку  резултатите се под планираните 
  • Подготвува анализи за остварените приходи од склучените договори со корисниците на услуги, го следи навременото извршување на услугите за остварување на поставените цели


Способности и вештини:

  • Напредни способности за комуникација, добри аналитички способности и способност за решавање на проблеми, напредни способности за презентација,самодоверба, креативност, проактивност, доверливост, флексибилност, посветеност, способност за работа под притисок и кратки крајни рокови


Кандидатот кој ги исполнува горенаведените квалификации треба да достави доказ за завршено образование, писмо за намери и биографија (CV со препораки и дипломи), на македонски и англиски јазик .

 
Работно време во компанијата е од 08:00 до 16:00, односно, 40 часа неделно.


Минимумот на предвидената вкупна  нето плата  со вклучена компаниска стимулација за ова работно место е во висина од 34.008,00 денари.

 
Висината на платата  ќе биде определена согласно работното искуство, компетенциите и покажаните вештини со кој располага кандидатот.

Доколку сакате да аплицирате, креирајте сметка на KARIERA.mk и кликнете Аплицирај!

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · забава · hr вести · hr совети · блог
барај огласи за вработување »