За компанијата:
Иуте Македонија е дел од мултинационалната бизнис корпорација – IuteGroup AS, избрана за една од најбрзо-растечките компании во Европа. Македонските канцеларии се отворени од 2017 година и оттогаш... повеќе за компанијата »
Иуте Македонија е дел од естонската дигитална банкарска групација Иуте – групација која го редефинира начинот на управување со личните финансии, плаќањата и осигурувањето низ Југоисточна Европа преку технологија, иновации и паметни дигитални решенија.
Сега го шириме тимот и бараме личност која ќе ја гради следната фаза од нашиот раст: Раководител на дигитални кориснички операции
Твојата мисија?
Одговорен/на за развој и управување со дигиталните кориснички операции преку интеграција на AI-решенија, со цел создавање едноставно, брзо и персонализирано корисничко искуство, раст на продажбата и зголемување на долгорочната вредност на клиентите.
Што ќе движиш?
- Ќе управуваш со моделот на работа во кој вештачката интелигенција и човечките агенти работат интегрирано.
- Ќе го водиш целиот кориснички пат – од првиот контакт, продажбата и поднесувањето барање, до проценката на кредитоспособноста, одлуката, реализацијата на финансиската услуга, дополнителната продажба, корисничката поддршка и задржувањето на клиентите.
- Ќе управуваш со AI-поддржани дигитални кориснички операции.
- Ќе развиваш и унапредуваш дигитални процеси за сите финансиски услуги во екосистемот.
- Ќе идентификуваш процеси кои можат да бидат дигитализирани и автоматизирани преку вештачка интелигенција.
- Ќе ја следиш и подобруваш успешноста на автоматизираните и човечките интеракции со клиентите.
- Ќе работиш на зголемување на продажбата и користењето на дигиталните финансиски услуги преку персонализирани понуди и data-driven пристап.
- Ќе ги следиш клучните показатели за продажба, продуктивност, квалитет на услугата, задоволство на клиентите и ефикасност на автоматизацијата.
- Ќе ја водиш трансформацијата од традиционален контакт-центар кон интелигентна, дигитална и автоматизирана корисничка операција.
Кого бараме?
- Универзитетско образование.
- Најмалку 3–5 години искуство во управување со операции, корисничко искуство, дигитални канали, контакт-центар или сродни функции.
- Искуство во водење тимови и управување со перформанси.
- Разбирање на AI, автоматизација и дигитални платформи, како и нивна примена во подобрување на корисничкото искуство и продуктивноста.
- Докажано искуство во управување со KPI-и и реализација на деловни цели преку анализа на податоци.
- Искуство во управување со трансформациски проекти и воведување нови процеси или технологии ќе се смета за предност.
- Дигиталните производи, продажбата и аналитиката ти се природен јазик.
- Одлично комуницираш на македонски и англиски јазик.
- Проактивен лидер со силни комуникациски и преговарачки вештини, ориентиран кон резултати и носење одлуки.
Што добиваш?
- Работа во една од најбрзо растечките дигитални банкарски групации во регионот.
- Меѓународна средина и директна соработка со тимови низ различни пазари.
- Простор за идеи, иницијативи и вистинско влијание.
- Континуиран развој, учење и професионален раст.
- Подароци за родендени, годишнини и важни животни моменти.
- Тимбилдинзи во земјата и странство.
- Спортски активности.
- Дополнителни здравствени прегледи.
Ако веруваш дека иднината на финансиските услуги се гради преку технологија, дигитални екосистеми и исклучително корисничко искуство – време е да се запознаеме.
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани. Сите апликации ќе се третираат доверливо.

Слични огласи »