
Млекара Тетово е една од најсовремените фабрики за производство за млечни производи во Македонија. Со висок степен на автоматизација, и строго контролирани процесни услови нашиот производен процес и стандардизирани оперативни процедури имаат вградено повеќеслојни механизми на контрола со цел крајниот производ да го понуди најдобриот квалитет во Македонија и пошироко.
Поради зголемениот обем на работа бараме прехранбен технолог со технички познавања и искуство во млечната индустрија.
Работните обврски за ова работно место вклучуваат:
- Развој на нови производи
- Контрола на квалитет на суровина
- Контрола на квалитет во производниот процес
- Контрола на квалитет на крајниот производ
- Обучување на вработени
- Воспоставување на стандардни оперативни процедури
- Планирање на производство
- Следење на конкуренцијата и вкусовите на потрошувачите
- Оптимизирање на состав на продукти
- Следење на научна литература за развојот на индустријата
За ова работно место бараме кандидат со завршени додипломски студии на насоките прехранбена технологија и биотехнологија, ветеринарна медицина, хемија, биологија, аналитичка биохемија, нутриционизам или биохемија. Очекуваме да имате темелни познавања за составот на различни видови храна, за стабилноста на производите, и за методите за контрола на нивниот квалитет. Кандидатите кои имаат одлично познавање на англискиот јазик, искуство со менаџирање на проекти, кулинарски способности и возачка дозвола ќе имаат предност во процесот на селекција. За да аплицирате пратете го вашето CV на [најави се за да го видиш е-маилот] благовремено ќе ве известиме дали ќе бидете поканети на интервју.


Слични огласи »