
За компанијата: Основан 1945 годината, постоењето и развојот на АМСМ, го обележаа низа структурални и организациони промени, некои како резултат на времето, а пак некои како одговор на потребата да се биде и да се остане...
повеќе за компанијата »Клучни работни обврски:
- Прима повици преку кои закажува состаноци со Генерален секретар (ГС), дава одговори на рутински прашања/барања или ги пренасочува кон другите служби
- Пречекува гости, ги спроведува кај ГС или посредува/извршува закажана услуга од доменот на организацијата
- Закажува состаноци со директори на правните субјекти во системот на АМСМ
- Закажува состаноци со Секретарите на Авто-мото друштвата
- Отвора пошта, ја предава на потпис кај ГС, а потоа ја дистрибуира до соодветни правни субјекти
- Прима електронска пошта, одговара или ја дистрибуира до соодветни правни субјекти
- Пренесува зададени информации од ГС до другите нивоа и обратно
- Изготвува документи, се грижи за изгледот и коректноста на документите за експедирање
- Прима и испраќа факсови
- Умножува документи по пат на фотокопирање или скенирање
- Праќа честитки и телеграми
- Води дневен календар на состаноци и задачи
- Врши преводи и кореспондира со странство по писмен и устмен пат
- По потреба врши улога на преведувач при странски посети
- Врши резервација на ресторани, хотели, авио билети, изготвува соодветна документација за таа цел
- Се грижи за уредноста на просториите
- Врши нарачки на потребен канцелариски материјал и други потрошни материјали
- Води Деловодник
- Прима и заведува примена пошта
- Ја сортира и доставува заведената пошта до соодветни правни субјекти
- Врши ажурирање и архивирање на документација
- Подготвува и заведува пошта за експедирање
- Комуницира со поштите за редовна и брза достава
- Води тетратки за интерна достава и за експедирање
- На дневна основа води евиденција на потрошувачка во бифе
Потребни квалификации:
- Високо образование
- Напредно познавање на MS Office (word, excel, power point), Internet.
- Напредно познавање на деловен Англиски јазик (пишување и зборување)
- Напредно познавање на Германски јазик (се смета за предност)
- Возачка дозвола Б категорија
- Со работно искуство од најмалку 5 години како технички секретар
Способности и потребни професионални вештини:
- Јасна мисла и говор
- Позитивен став
- Координирачки вештини
- Преставителност
- Флексибилност
- Комуникациски вештини
- Активно слушање
- Доверливост
Доколку сакате да ни се придружете и да станете дел од нашиот успешен тим, ја очекуваме вашата кратка биографија и мотивационо писмо на македонски јазик во електронска форма да ни ја доставите на [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака РАБОТА – Технички секретар, најдоцна до 01 октомври 2017.
Само избраните кандидати ќе бидат контактирани.
Останати огласи »