
ЕМБС: 4068050
Индустрија: Аутомото
Адреса: Митрополит Теодосиј Гологанов бр.51
Град: Скопје
Основана во 1945
АМСМ (Авто-мото сојуз на Македонија) е водечка национална организација во областа на мобилноста, безбедноста во сообраќајот и автомобилските услуги во Северна Македонија. Основан пред повеќе од седум децении, АМСМ е дел од меѓународната федерација FIA и активно придонесува кон унапредување на патната култура и заштитата на возачите и патниците.
Организацијата нуди широк спектар на услуги – од помош на пат, технички прегледи и регистрација на возила, до осигурување, патнички услуги и издавање на меѓународни документи. АМСМ е и значаен промотор на кампањи за безбедност во сообраќајот, едукација и одговорно возење.
Со својата долга традиција, професионализам и посветеност кон своите членови, АМСМ претставува симбол на доверба и сигурност на македонските патишта.
Основан 1945 годината, постоењето и развојот на АМСМ, го обележаа низа структурални и организациони промени, некои како резултат на времето, а пак некои како одговор на потребата да се биде и да се остане поблиску до постарите, но и новите генерации. Како резултат на долгогодишното постоење, од една страна и континуираното залагање да чекориме заедно со најразвиените светски авто клубови од друга, денес со гордост можеме да кажеме дека АМСМ е современа организација во која се обединуваат богатото искуство и современите концепти на работење, карактеристични за потрошувачки ориентираните и модерни организации. Тенденцијата со препознатлив ентузијазам да одговориме на современите трендови во областа, значеше и континуирано проширување на портфолиото на услуги. Во таа смисла, денес АМСМ е во можност на своите клиенти да им обезбеди комплетни и софистицирани решенија и услуги, на едно место.