
Млекара Тетово со своето широко портфолио на производи и искуство од повеќе од 40 години на пазарот е една од водечките фабрики за преработка на млеко во Македонија. Препознатливи сме по брендовите Млекара Тетово, Кораб, Natura, Фетино и Шарси. Бараме високо мотивиран административен работник за :
- Фактурирање;
- Книжење на трошоци;
- Набавки:
- Корисничка поддршка и организирање на логистика;
- Кандидатите со искуство во сметководство минимум 2 години ќе имаат предност;
- Одлично познавање на MS Office;
- Основно познавање на правната регулатива во Македонија за модифицирање и создавање на договори за продажба;
- Вештини за финансиска и статистичка анализа на резултатите од продажба.
Платата е по договор и работата е само во прва смена. Согласно законските прописи ве следува годишен одмор, и сите други поволности предвидени во законските регулативи, вклучувајки и регрес за годишен одмор.
Сите заинтересирани кандидати се добродојдени да го пратат своето CV на [најави се за да го видиш е-маилот] . Успешните кандидати ќе бидат повикани на интервју во просториите на Млекара Тетово во Тетово. Платата е атрактивна, и поврзана со покажаните резултати. Предвиден период за вработување и почеток на работен ангажман до 25-ти Јули 2022.


Слични огласи »