
За компанијата: СЕРВИС МАКЕДОНИЈА, е овластен сервис на апарати за домаќинство, ТВ и аудио опрема, со развиена професионална сервисна мрежа низ целата земја.
повеќе за компанијата »Друштвото за сервисирање и одржување на електронски уреди за широка потрошувачка СЕРВИС МАКЕДОНИЈА, распишува оглас за вработување на:
Оператор за прием на рекламации
Потребно образование, работно искуство, квалификации и вештини:
- ССС/ВСС
- Поседување на одлични вербални способности и вештини на ефективна комуникација со клиенти
- Претходно работно искуство и познавање на апарати за домаќинство ќе се смета за предност
- Добро познавање на англиски јазик ( усно и писмено )
- Познавање на албанскиот јазик ќе се смета за предност
- Одлично познавање на работа во MS Office
- Аналитичност, објективност, тимски работник
- Систематичност, организираност, иницијативност
Одговорност и работни задачи:
- Прием на клиенти и производи поради рекламација
- Пружање телефонска помош и помагање на клиентите во однос на ракувањето и проблемите кои клиентите ги имаат со уредот кој се рекламира
- Основна проверка на рекламираниот производ за да се утврди правилната инсталација и приклучување на истиот
- Отварање, проследување и контрола на сервисни налози се до нивно конечно решавање
- Комуникација и контрола на Овластените сервисни центри со цел подобрување на квалитетот и намалување на времетраењето на извршувањето на услугите
- Пратење на трендовите на проблемите со производите и соодветна реакција кај сите поврзани субјекти
- Подготвување на тековни и периодични извештаи
Што нудиме?
- Одлични услови за работа во средина со амбициозен и професионален тим
- Континуирана обука
- Работно време: 40 часа неделно
Доколку сте заинтересирани за работната позиција, испратете ја Вашата кратка биографија на:
[најави се за да го видиш е-маилот] со назнака "Оператор за прием на рекламации". Огласот е активен до 15.07.2018 година
Општи правила за аплицирање:
- Именување на документ за аплицирање - CV ( име и презиме на апликантот )
- Назнака за позицијата за која се алпицира
Слични огласи »