За компанијата: Еуромак-Контрол е стручно оспособена и специјализирана контролна организација, основана во 1999 во Скопје како друштво за техничко испитување, контрола на квалитет и квантитет и консалтинг. Еуромак-Контрол...
повеќе за компанијата »Хемиски аналитичар за работа во Лабораторија.
Кандидатот треба да ги исполнува следните критериуми:
- да има завршено високо образование (хемиски факултет)
- да има работно искуство во областа
- познавање на работа на компјутери
- активно управување со возило (Б - возачка дозвола).
Потребно е кандидатот да биде флексибилен во извршување на работните обврски, да поседува способност за организација, комуникативност, лојалност, истрајност, работа во тим и брзо и ефикасно завршување на зададените работни задачи.