
За компанијата: Ние имаме 40 канцеларии во 20 земји и воедно сме зачетници во професионалното советување на територијата на источна Европа. Нашата разгранета мрежа и широката палета на услуги кои ги пружаме гарантира...
повеќе за компанијата »HILL Skopje за нашиот клиент WURTH Macedonia, бара самостојна, организирана и проактивна личност за позицијата Специјалист за набавка.
Нашиот клиент WURTH Macedonia е дел од меѓународната WURTH Група со седиште во Германија и Швајцарија која се занимава со продажба на технички производи со примена во авто, метална, дрвена индустрија и градежништво. Поради проширување на нивниот тим во Скопје, бараме
Специјалист за набавка
Одговорности:
- Активно учество во целокупниот процес на набавки
- Анализирање на пазарот за достапност на тековни и идни набавки
- Подготвување на нарачки за набавка на производи
- Следење и анализа на постоечкиот лагер на производи
- Одржување контакт со добавувачи и организација на транспорт
- Подготовка на извештаи поврзани со достапност на артикли и залиха
Квалификации:
- BCC од областа на организациски науки или технички науки
- Одлично познавање на Англиски јазик и MS Office
- Возачка дозвола Б – категорија
- Интерес и искуство во решавање на нумерички задачи
Компанијата нуди одлична можност за професионален развој во динамична и тимски ориентирана средина која промовира достигнувања, успех и ориентација кон купувачот.
Доколку сметате дека ги исполнувате условите и верувате дека сте вистинската личност за наведената работна позиција, испратете кратка биографија најдоцна до 30.07.21, со назнака за позицијата.
E - mail: [најави се за да го видиш е-маилот]
www.hill.mk
Хилл Скопје, Анастас Митрев 26/4, 1000 Скопје
тел/факс: 02/3296-481
Слични огласи »