
За компанијата:
ЛЕОМАР ГРОУП доо е компанија чија основна дејност е увоз и продажба на женска и машка долна облека, пижами и костими за капење од брендот Bonatti, како и хулахопки и чорапи од брендот Fiore. Нашето... повеќе за компанијата »
(преземи го огласот во Word)
Компанијата ЛЕОМАР ГРОУП доо е овластен дистрибутер на Bonatti и Fiore за Р Македонија.
Поради зголемување на обемот на работење, имаме потреба за пополнување на следниве работни места:
МАГАЦИОНЕР - КОМЕРЦИЈАЛИСТ
Вработениот ќе биде дел од прекрасна динамична работна атмосфера и опкружување, во кое секој има можност да го даде својот максимум.
Опис на работно место:
- Организација на магацинско работење
- Прецизно водење на материјална евиденција на стоки на залиха и нивно совесно и одговорно менаџирање.
- Координација на магацинското работење со малопродажните објекти
- Следење на ниво на оптимални залихи на производи
- Примање нарачки, нивно пакување, изготвување документација и дневна испорака на стока до сопствени продавници и до клиенти
- Одговорен за големопродажба
- Пронаоѓање нови клиенти и одржување релации со постоечките
- Одговорен за наплата на достасаните обврски на клиентите
Потребни квалификации:
- Претходно работно искуство во продажба и магацинско работење ќе се смета за предност
- Развиени продажни способности, комуникативност
- Иницијативност, прецизност, придржување до рокови, лојалност
- Способност за работа под притисок
- Солидно познавање на MS Office пакетот;
- Возачка дозвола Б категорија;
- Познавање на Англиски јазик
ОПЕРАТОР ЗА ONLINE ПРОДАЖБА
Вработениот ќе биде дел од прекрасна динамична работна атмосфера и опкружување, во кое секој има можност да го даде својот максимум.
Опис на работно место:
- Стартување на платформа за online продажба
- Дневно ажурирање на податоците во online продавницата
- Координација и соработка со магацинот и сопствените продавници
- Одржување контакт со фирма доставувач и клиенти
- Одржување на профилот на социјалните мрежи
- Маркетиншки активности поврзани со популаризација на online продавницата
Потребни квалификации:
- Претходно работно искуство во продажба, посебно online ќе се смета за предност
- Развиени маркетиншки и продажни способности
- Иницијативност, иновативност, прецизност, придржување до рокови, лојалност
- Способност за работа под притисок
- Солидно познавање на MS Office пакетот;
- Возачка дозвола Б категорија;
- Познавање на Англиски јазик
Ние нудиме пријатна работна средина и солидна плата.
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани.
Своите апликации испратете ги на следниов e-mail: [најави се за да го видиш е-маилот]
www.leomargroup.mk
Bonatti Macedonia www.facebook.com/BonattiMacedonia
bonatti_macedonia www.instagram.com/bonatti_macedonia
Останати огласи »