
За компанијата: ПроКредит е германска развојно ориентирана банка со присуство во Источна и Југоисточна Европа, посветена на поддржување микро, мали и средни претпријатија (ММСП) и физички лица, како и на поттикнување...
повеќе за компанијата »ПроКредит е германска развојно ориентирана банка со присуство во Источна и Југоисточна Европа, посветена на поддржување микро, мали и средни претпријатија (ММСП) и физички лица, како и на поттикнување економски раст и одржлив развој.
Бараме Офицер за заштита на лични податоци!
Главни одговорности:
- Следење на усогласеноста на Банката со прописите за заштита на лични податоци;
- Информирање и советување на вработените и одговорните лица за нивните обврски, како и организирање и спроведување обуки поврзани со заштита на лични податоци;
- Учество во креирање и имплементација на процеси за обработка на лични податоци и следење на ризици и спроведување на мерки согласно анализите на ризици;
- Обезбедување и контрола на технички и организациски мерки за безбедност на податоците;
- Одржување редовна комуникација со релевантни внатрешни засегнати страни;
- Комуникација со Агенцијата за заштита на лични податоци и координација при постапки;
- Информирање на субјектите за нивните права и постапување по нивни барања навремено и ефикасно.
Потребни квалификации:
- Минимум 3 години искуство со заштита на лични податоци
- Високо образование во сферата на правни науки
- Одлични комуникациски вештини
- Високо ниво на професионалност
- Познавање на англиски јазик
Што нудиме:
- Меѓународна компанија со пријатна и отворена работна атмосфера
- Тимска соработка и култура која охрабрува проактивност и иновативни идеи
- Континуиран личен и професионален развој
- Рамна хиерархија и брзи процеси на одлучување
Ги охрабруваме сите заинтересирани кандидати да го испратат своето CV на [најави се за да го видиш е-маилот]
Слични огласи »