(преземи го огласот во Word)
Градете ја својата кариера и развивајте се како професионалец во примената на ИТ технологиите во областа на финансии и банкарство со Штедилница Можности.
Штедилница Можности вработува:
Дата база администратор во оддел за апликативен софтвер, во сектор ИТ
Работни задачи:
- Администрација на бази на податоци и анализа на податоци во база,
- Анализа на функционалности на банкарската апликација,
- Изработка на различни извештаи и прегледи од базата на податоци, а во врска со работењето на штедилницата,
- Корисничка поддршка за работење со софтверски продукти,
- Комуникацијата со развивачот на софтверот за примени барања од корисници,
- Го следи развојот на сите барањата за промени во банкарската апликација,
- Креирање и ажурирање на техичките упатства за корисниците за употреба на апликативните решенија.
- Водење на соодветна документација од делокругот на работењето,
- Спроведување на примени барања од корисници,
- Постојана комуникација со корисниците и развивачот на софтверот.
Дата база администраторот, заедно со остантите членови на тимот во ИТ сектор ќе учествува во:
- Креирањето и имплементацијата на политиките и процедурите за воведување на софтверски решенија, и
- Корисничка поддршка за работење со софтверски продукти.
Потребни квалификации и вештини:
- Соодветно познавање на SQL, PL/SQL, и познавање на Oracle DB (основно или друго ниво)
- Високо образование и/или средно образование со соодветно работно искуство.
- Самоиницијативност и способност за тимска работа.
- Добри комуникациски способности.
- Мотивираност за проучување, совладување и примена на нови методологии, техники и технологии.
Штедилница Можности нуди одлични услови за работа и можност за стручно усовршување, како и напредок и развој во кариерата во интересна и динамична работна средина.
Заинтересирани кандидати, доколку сакате да станете дел од нашиот успешен тим, испратете CV на e-mail: [најави се за да го видиш е-маилот] и [најави се за да го видиш е-маилот] ,
Вашите апликации за вработување ќе бидат третирани со строга доверливост.
Кандидатите што ќе аплицираат, а исполнуваат критериуми од овој Оглас, ќе бидат поканети на интервју.