
Млекара Тетово е една од најсовремените фабрики за производство за млечни производи во Македонија. Со висок степен на автоматизација, и строго контролирани процесни услови нашиот производен процес и стандардизирани оперативни процедури имаат вградено повеќеслојни механизми на контрола со цел крајниот производ да го понуди најдобриот квалитет во Македонија и пошироко.
Поради зголемениот обем на работа бараме електромеханички инженер со искуство во прехрамбената индустрија. Како инженер вашите должности ќе вклучуваат планирање и дизајнирање на производни процеси во млечната индустрија, одржување на опремата и советување на менаџментот во врска со оперативните процеси во компанијата. Секојдневните задачи ќе вклучуваат:
- Дизајнирање на процеси, оптимизирање на процесни спецификации, планирање на развој на производните капацитети;
- Тестирање и евалуација на производните процеси, вклучувајки и техничка анализа, и предлагање на нови и/или подобрени методи на производство на нови продукти или веќе постоечки производни процеси;
- Техничка подршка за составување на производни линии;
- Одржување на опремата и цевководниот систем;
- Контрола на перформанси на машините во употреба;
- Менаџирање со персонал за оддржување на опрема и контрола на производство;
Идеалните кандидати кои ги бараме за ова работно место имаат соодветна едукација, одлични познавања на англискиот јазик и најмалку двегодишно работно искуство. За оваа работна позиција исто така бараме познавања од практична примена на инженерски концепти и технологии, што вклучува искуство со аналитички и CAD софтвер, техники на дизајн и моделирање, и принципи на производство на технички модели. За да аплицирате пратете го вашето CV на [најави се за да го видиш е-маилот] благовремено ќе ве известиме дали ќе бидете поканети на интервју.


Слични огласи »