
За компанијата:
Порше Македонија е компанија која ги застапува автомобилските брендови Volkswagen, Audi, Škoda, SEAT, Porsche и Volkswagen комерцијални возила. Присутна на македонскиот пазар од крајот на 2005... повеќе за компанијата »
Порше Македонија е компанија која ги застапува автомобилските брендови Volkswagen, Audi, Škoda, SEAT/Cupra, Porsche и Volkswagen комерцијални возила. Присутна на македонскиот пазар од крајот на 2005 година, таа е единствениот импортер во државата во директна сопственост на производителот на автомобилите – Volkswagen AG. Порше Македонија е лидер на автомобилскиот пазар со најголем удел во пазарот на нови возила.
Во Порше Македонија денес работат над 100 вработени, со тенденција за понатамошно ширење на тимот. Компанијата преку програмите за развој и усовршување на кадрите и постојаната размена на информации, овозможува континуирано подобрување на квалитетот на работата.
Поради проширување на својот тим имаме потреба од
Сервисен Советник
Детален опис на работни задачи
- Закажување на поправки и сервиси, примање и појаснување на барањата на клиентите,
- Одредување на големина на сервисната работа,
- Советување на клиентите околу врстата и обемот на неопходната работа и следствените трошоци
- Проверка на точноста на сметките и појаснување на одделни позиции на клиентот за време на предавање на возилото,
- Спроведување на контрола на комплетноста на извршените работи во склад со желбите на клиентите,
- Обработка на рекламациите од клиентите,
- Искористување на капацитетите на работилницата, придржување на сите правци кои се однесуваат на совети на клиенти,
- Ги врши сите административно технички работи поврзани со потребите на директорот и автосалонот, контактирање и посредување со клиенти и соработници,
- Вршење на сите административни дејности (јавување на телефон, префрлање на врски, превземање и проследување на пораки, праќање на маилови...),
Потребни квалификации
- Најмалку 2 год. работно искуство на слични позиции
- Добро познавање на моторни возила и техничко стручно знаење во област на сервисна работилница,
- Познавање на комерцијални работи,
- Изразена комуникативност и желба за лично усовршување,
- Познавање на германски и/или англиски јазик,
- Познавање од работење на компјутер,
- Возачка дозвола со Б категорија,
- Организациски способности
Сите заинтересирани кандидати, својата Професионална Биографија можат да ја достават на следната e-mail адреса: [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака за "Сервисен Советник”
Слични огласи »