
За компанијата: Зегин ДОО е првата приватна компанија во Република С. Македонија регистрирана за продажба на лекови. Како една од најуспешните и најголемите компании кај нас, со најдобра инфраструктура и најголема дистрибутивна...
повеќе за компанијата »ЗЕГИН ДОО е првата приватна компанија во Република Македонија регистрирана за продажба на лекови. Како една од најуспешните и најголемите компании кај нас, со најдобра инфраструктура и најголема дистрибутивна мрежа, секогаш сме во потрага по талентирани професионалци кои сакаат да станат дел од нашето професионално семејство.
Имаме потреба од:
Деловна секретарка
Потребни квалификации:
- ССС
- Претходно работно искуство ќе се смета како предност
- Работа со компјутери и одлично познавање на MS Office
- Познавање на англиски јазик, познавање на друг странски јазик ќе се смета за предност
Работни обврски:
- Прима повици преку кои закажува состаноци, дава одговори на рутински прашања/барања или ги пренасочува кон другите служби
- Пречекува гости, ги спроведува или посредува/извршува закажана услуга од доменот на организацијата
- Отвора пошта, ја предава на потпис, а потоа ја дистрибуира до соодветната служба
- Прима електронска пошта, одговара или ја дистрибуира до соодветната служба
- Пренесува зададени информации
- Изготвува документи, се грижи за изгледот и коректноста на документите за експедирање
- Прима и испраќа факсови
- Умножува документи по пат на фотокопирање или скенирање
- Праќа честитки и телеграми
- Води дневен календар на состаноци и задачи
- Врши преводи и кореспондира со странство по писмен и устмен пат
- Врши резервација на ресторани, хотели, авио билети, изготвува соодветна документација за таа цел
- Се грижи за уредноста на просториите
- Врши нарачки на потребен канцелариски материјал и други потрошни материјали
- Води Деловодник
- Прима и заведува примена пошта
- Ја сортира и доставува заведената пошта до соодветни служби
- Врши ажурирање и архивирање на документација
- Подготвува и заведува пошта за експедирање
- Комуницира со поштите за редовна и брза достава
- Води тетратки за интерна достава и за експедирање
- На дневна основа води евиденција на потрошувачка
Доколку сте енергични, храбри и полни со ентузијазам за личен развој и напредување, како и професионални компетенции за успешно да работите во областите наведени погоре, Ве молиме испратете пропратно писмо и биографија на македонски јазик со ознака деловна секретарка на [најави се за да го видиш е-маилот] . Само кандидатите кои во целост ги исполнуваат критериумите ќе бидат контактирани.
Слични огласи »