„АЛФИ БИ КОМПАНИ“ е трговско друштво кое успешно ја гради својата професионална приказна од 1992 година.
Со своето долгогодишно искуство, посветеност и континуиран развој, денес успешно работиме на локации во Куманово и Скопје. Благодарение на успешното работење и зголемениот обем на продажба, нашиот тим континуирано расте.
Нашата визија е да ги препознаеме и задоволиме потребите на сите наши купувачи, вклучително и оние со специфични барања. Постојано инвестираме во развојот и унапредувањето на нашите продажни капацитети, со цел да обезбедиме пријатно и квалитетно искуство за нашите ценети купувачи.
Нашата препознатливост се темели на добрата услуга, квалитетот на производите и професионалниот однос кон купувачите.
Веруваме дека нашите вработени се движечка сила на компанијата. Затоа континуирано вложуваме во развојот на човечките ресурси и создаваме работна средина во која се ценат одговорноста, посветеноста, тимската работа и професионалниот однос.
Тимот на „АЛФИ БИ КОМПАНИ“ е препознатлив по својата учтивост, љубезност, услужливост и пријатниот однос со секој потрошувач.
Имаме потреба од вработување на лице за канцелариска работната позиција Администратор во приемно одделение со или без работно искуство.
Работни задачи и одговорности:
- Изготвување и евидентирање на приеми на стока од домашни добавувачи.
- Изготвување и обработка на девизни приеми.
- Отворање и креирање нови шифри на производи.
- Импортирање на нови шифри на производи во Excel табели.
- Импортирање и ажурирање на цени во шифрарникот во програмата CFMA.
- Проверка, средување и архивирање на документацијата од приемните одделенија.
- Проверка, средување и архивирање на документацијата поврзана со девизните приеми.
- Изготвување записници за документи.
- Изготвување записници за цени.
- Проверка на точноста и усогласеноста на податоците и документацијата.
- Уредно водење и ажурирање на административната евиденција.
- Изготвување дневен извештај за реализираните работни задачи.
- Извршување други административни и канцелариски задачи поврзани со работниот процес.
Потребни квалификации и вештини:
- Завршено средно или високо образование.
- Познавање на работа со компјутер, особено MS Excel.
- Способност за работа со табели, внесување и обработка на податоци.
- Прецизност, одговорност и организираност во работењето.
- Способност за планирање и навремено извршување на работните задачи.
- Посветеност, доверливост и внимание при работа со документација.
- Способност за самостојна и тимска работа.
Нудиме:
- Можност за вработување во стабилна компанија со долгогодишно искуство.
- Организирана работна средина.
- Можност за професионален развој и унапредување на работните вештини.
Доколку сте организирана, одговорна и прецизна личност која сака административна и канцелариска работа, Ве покануваме да аплицирате за оваа работна позиција.
Вашето резиме (CV) доставете ни го на [најави се за да го видиш е-маилот] , со ознака „Администратор за приемно одделение“
Можете да нè контактирате и на телефонскиот број 076/448-505 и 075/234-732 (од понеделник до петок во период од 08:30 до 16:30)
Сите кандидати ќе бидат исконтактирани.
Сите апликации се третираат со доверливост.