HeadHunter лого

Контролори За Квалитет

За компанијата: The HeadHunter Group, е иновативна компанија за вработување и регрутација, со свои канцеларии во Македонија, Албанија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Србија, Кипар, Грција и САД. Ние нудиме највисок... повеќе за компанијата »

Job Good! Life Good!

The HeadHunter Group, е иновативна компанија за вработување и регрутација, со свои канцеларии во Македонија, Албанија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Србија, Кипар, Грција и САД. Ние нудиме највисок менталитет во менаџментот на човечки ресурси и нашата основна дејност се кадровски решениа за барателите на работа и работодавачите.

За потребите на клиент, глобална производствена компанија, бараме:

Контролори за квалитет

За позицијата:

Спроведува активности на влезна, меѓу фазна и завршна контрола на материјали, делови, склопови и производи.

Главни одговорности:

  • Контролата на квалитет ја врши според прописите од техничката документација и од плановите за контрола. При тоа користи стандардни и специјални мерни, контролни и испитни средства, дефинирани во документацијата и се грижи за нивната исправност.
  • Контролата ја врши во текот на изработка на серијата или по нејзиното завршување, на своето работно место или по принципот на “пилот контрола”.
  • По извршената контрола, деловите ги класифицира на добри, лоши и делови за доработка-поправка. Деловите за доработка ги означува со “Пропратна карта за доработка-поправка”, шкарт- деловите ги става во посебно означен простор.
  • Секојдневно прави записи за примената или одбиената количина на материјали, делови и производи и го предава на претпоставениот.
  • Врши контрола на позиции од магацинот за полупроизводи и магацинот за готова стока, пред нивната испорака на купувачите, при тоа водејќи сметка и за начинот на пакување.
  • Навремено информира за потреба од интерно или екстерно баждарење на мерниот и контролниот алат.

Потребни квалификации:

  • Машински инженер, машински техничар или сродно образование од техничка струка.
  • Познавање на работа со мерни инструменти (шублер, висиномер, СММ).
  • Предност - Работно искуство во контрола на квалитет, познавање на Англиски јазик

Нудиме:

  • Компетитивни редовни месечни примања во зависност од знаењата и искуството
  • Платени сите задолжителни додатоци и надоместоци според закон
  • Oбуки, бонус програми и можност за личен професионален развој
  • Работно искуство во динамична интернационална бизнис средина
  • Пријатна и безбедна работна средина


Заинтересираните кандидати ги покануваме да аплицираат! Доколку имате прашања поврзани со апликациите, контактирајте ја Сашка Малиновиќ на +389 70 370 649 (Понеделник-Петок) или пратете мејл на [email protected]


Пробајте го Хедхантер за вашиот успех!
Доверете ја вашата кариера на ВИСТИНСКИТЕ професионалци!
Ве молиме бидете информирани дека само кандидатите селектирани за интервју ќе бидат контактирани. При аплицирање напомнете ја позицијата за која аплицирате.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · забава · hr вести · hr совети · блог
барај огласи за вработување »