ПОСТАР СПЕЦИАЛИСТ ЗА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ

За компанијата: Промотивни огласи на KARIERA.mk. Доколку сакате да објавите ваш оглас и да ги најдете најдобрите кандидати за вашите работни позиции, креирајте сметка на сајтот и објавувајте огласи бесплатно. повеќе за компанијата »
  • Објавен на 11.2016
  • ПРОМО
  • Активен до 20.11.2016
  • Позиција: Програмер/Информатичар
  • Локација: Скопје
  • Веб: kariera.mk

ТАВ Аеродроми, еден од водечките светски  аеродромски оператори, управува со аеродромите Ататурк во Истанбул, Есенбога во Анкара, Аднан Мендерес во Измир, Милас во Бодрум, Газипаша во Аланија  во Турција, Тбилиси и Батуми во Грузија, Монастир и Енфидха-Хамамет во Тунис, Скопје и Охрид во Македонија, Медина во Саудиска Арабија и Загреб во Хрватска. Холдингот исто така дава услуги преку свои подружници во други сфери на аеродромските операции вклучувајќи  бесцарински продавници, угостителство, прифат и отпрема на воздухоплови, ИТ, безбедност и оператива. Заедно со своите подружници, компанијата услужи повеќе од 102 милиони патници во 2015 година на 780.000 летови преку своите 50.000 вработени.

ТАВ Македонија, Аеродромот ‘Александар Велики’ – Скопје како дел од ТАВ Аеродроми во моментов е во потрага по нов вработен за позицијата: 

ПОСТАР СПЕЦИАЛИСТ ЗА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ

ОСНОВНИ ОДГОВОРНОСТИ:

  • Учествува во развојот на целите и системите на одделот и предлага и реализира проекти за истите
  • Помага при донесувањето и примената на правилници, процедури и упатства 
  • Одржува редовни состаноци со вработени и тимови на вработени како би обезбедил/а подобра комуникација и релација на одделот за ЧР со сите вработени и менаџери во насока на решавање проблеми и состојби
  • Ползува напредни аналитички способности во креирање и анализрање на извештаи, изготвување и следење на буџет, анализирање на состојби, околности и точност на информации
  • Во потполност умее и ги ползува ИТ системите во Одделот за ЧР за потребите на работата
  • Одговорен за програма за талент менаџмент нејзино креирање, адаптирање, имплементација, одржување и надградба
  • Активно учествува во спроведување на системот за Управување со резултати од работењето како и предлага и имплементира мерки за негово подобрување и надградба
  • Дефинирање и имплементација на систем за управување со вештините и компетенции кај вработените, технички и нетехнички во насока на препознавањe, развој и искористување на истите
  • Одржува и организира обуки согласно програмите и потребите на компанијата 
  • Учествува во градење и имплементација на системот за електронско учење
  • Одговорен за  градење и имплементација на Стратегија и проекти за развој, мотивација и менаџирање на ЧР во компанијата 
  • Активна учествува во имплементација и одржување  програми и проекти 
  • Им помага на вработените за какви било побарувања за бенефиции, проблеми или грижи
  • Обезбедува поддршка во склоп на Одделот

ПОТРЕБНО ОБРАЗОВАНИЕ И ИСКУСТВО:

  • Универзитетско образование во соодветна област
  • Најмалку 5 години работно искуство во областа
  • Одлично познавање на Англиски Јазик, говор и пишување
  • Одлични компјутерски вештини

ВЕШТИНИ:

  • Одлично познавање на позитивното  законодавство и процедурите  за работни односи 
  • Искуство во работење со  ИТ системи во областа на Човечки Ресурси
  • Аналитички вештини и докажано внимание кон детали 
  • Ефикасни комуникациски вештини и одлични меѓучовечки вештини
  • Однесување со највисоки морални стандарди 
  • Силна посветеност кон услугата на клиенти и доверливост
  • Вештини со управување со бази на податоци и чување на документи
  • Одлични вештини за планирање и организација 
  • Добро познавање на организациската структура
  • Способност да се работи под стрес

Нудиме динамична и стимулативна средина, како и професионален предизвик.

Сите заинтересирани кандидати можат да го испратат своуето CV на маил адреса:  [најави се за да го видиш е-маилот] , со назнака “Senior HR specialist“.

Ве молиме имајте во предвид дека само избраните кандидати ќе бидат контактирани.

Во очекување сме на Вашите апликации!

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · забава · hr вести · hr совети · блог
барај огласи за вработување »