
За компанијата:
ESC (Executive Search Consulting) е водечка македонска компанија во областа на консултантски услуги за човечки ресурси. Нашата цел е да ги обезбедиме најдобрите приспособени решенија за вашите потреби за човечки ресурси, без оглед на времето или интензитетот на потребниот напор.
повеќе за компанијата »Наш клиент, реномирана интернационална компанија, за своите потреби објавува оглас за
Агенти за Call Center со хрватски јазик
ОДГОВОРНОСТИ
- Јавување на влезни кориснички повици и одговарање на барања поврзани со производите и услугите на компанијата
- Поддршка на тековните корисници
- Презентација и продажба на услугите на компанијата
- Обработка на жалби на корисниците
- Спроведување на пропратна администрација за повиците
БАРАЊА
- Минимум ССС
- Одличен хрватски јазик, говорен и пишан
- Користење со англискиот јазик, говорно и пишано
- Активно користење на MS Office
- Потребни се динамични, мотивирани и проактивни личности, со развиени комуникациски и презентациски вештини, стрпливи и љубезни во комуникација со луѓето
Компанијата нуди одлична можност за професионален развој во динамична и интернационална средина.
Доколку ги исполнувате условите и верувате дека сте вистинската личност за наведената работна позиција, испратете кратка биографија и мотивациско писмо на хрватски или англиски јазик на [најави се за да го видиш е-маилот] најдоцна до 14/10/2018. Во вашата апликација наведете дека се пријавувате за Call Center агент со хрватски јазик.
Сите пријави ќе бидат третирани со строга доверливост. Избраните кандидати ќе бидат контактирани за понатамошно интервју.
Останати огласи »