
За компанијата:
Салвео е Фармацевтска Компанија основана 2017 година во Македонија, како Друштво со ограничена одговорност со седиште во Белград. Компанијата постои повеќе од 10години на територијата во Србија, Црна... повеќе за компанијата »
Салвео е фармацевтска компанија која гради успешни и доверливи брендови со портфолио на производи кои одат со и без рецепт, во Централна и Источна Европа, придржувајќи се до највисоките стандарди за квалитет. Познати брендови кои се присутни на пазарот се Prospan, Trachisan, isla, Merz Spezial, Alpecin, Contractubex и други.
Суштината на нашиот успех е нашиот тим од ангажирани, одговорни и проактивни поединци да споделуваат јасна деловна визија градејќи препознатлива организациска култура.
Бараме Стручен/на соработник/чка кој/а ќе се приклучи на нашиот тим.
ПОЗИЦИЈА
Стручен/на соработник/чка
ЛОКАЦИЈА
Скопје, територија на централен регион на Македонија
КЛУЧНИ РАБОТНИ ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ:
- Развој и одржување на партнерски односи со клиентите
- Редовни посети на клиентите, информирање на клиентите за производите и маркетиншките активности, прибирање повратни информации од клиентите
- Договарање и организирање промотивни активности кај клиентите, зголемување на видливоста на производите
- Планирање, спроведување и известување за извршените посети
- Следење, анализа и унапредување на работењето во рамки на теренот за кој е задолжен
- Градење и одржување добри односи со клиентите, информирање за производите и маркетиншките акции и прибирање повратни информации за производите и претпријатието
- Организација и учество на стручни средби
ПРОФИЛ НА КАНДИДАТОТ:
- Завршено високо образование (Фармацевтски, Стоматолошки или Медицински факултет)
- Минимум 2 години работно искуство на исти или слични работни места
- Комуникациски вештини
- Продажни и преговарачки вештини
- Вештини за влијание и управување со разговор/состанок
- Презентациски вештини
- Вештини за решавање проблеми и приговори
- Стручно знаење – познавање на производите
- Вештини за управување со време, енергија и стрес
- Возачка дозвола
- Англиски јазик, напредно ниво на знаење
- Познавање на MS Office пакет, напредно ниво
БЕНЕФИЦИИ - ШТО НУДИМЕ:
- Континуирано инвестирање во професионалниот и личен развој на членовите на нашиот тим
- Пријатна и флексибилна работна средина
- Неформална комуникација
- Флексибилно работно време
- Слободен ден за роденден и Бадник секоја година
- Споени празници – кога празник се паѓа во вторник и понеделникот е неработен, доколку празникот е во четврток и петокот е неработен.
- Редовен годишен систематски преглед
- Можност за приватно здравствено осигурување
- Летно работно време во петок до 12:00ч.
- Поддршка и разбирање за потребите на родителите
- Годишни бонуси
- Тим билдинг
- Салвео школа за личен развој – „Thousand insigts and it’s all me“
- Службено возило
Бараме личност која развива соработка и партнерство со колегите и клиентите, има потреба да постигне одличен резултат и да создаде дополнителна вредност за себе, компанијата и клиентите, има развиено комуникациски вештини и поддржува култура на повратни информации (feedback), одговорно и ефикасно управува со своето однесување, ефикасно го регулира стресот, брзо учи и ефикасно функционира во различни ситуации и околности.
Слични огласи »