Нептун Македонија лого

Group Product Specialist (Fuego)

За компанијата: Нептун е бренд име на компанијата Нептун Македонија ДОО Скопје, основана во 1998 година, која во 1999 година станува дел од Нептун Интернешнал и Балфин Групација - Balkan Finance Investment Group. Нептун... повеќе за компанијата »

(преземи го огласот како слика)

Во име на својот ексклузивен бренд, FUEGO International - NEPTUN го проширува регионалниот тим.

FUEGO International, дел од BALFIN Group – еден од најмоќните бизнис-системи во Југоисточна Европа е бренд што ја дефинира иднината на домувањето. Преку иновативна технологија, дизајн и пристапна цена, создадовме мрежа на доверба со потрошувачи во С. Македонија, Албанија, Косово и Босна и Херцеговина.

Нашето портфолио опфаќа сѐ од паметни телевизори и клима уреди, до бела техника и урбана мобилност. Секој наш производ носи потпис на сигурност, паметна функционалност и модерен изглед.

Повеќе од 25 години, FUEGO континуирано го зголемува своето регионално присуство и се искачува на водечка позиција во својот сегмент.

Сега, имаме ново работно место и можеби токму ТИ си личноста што ја бараме за

ГРУП ПРОДУКТ СПЕЦИЈАЛИСТ

( - апарати за лична нега и мали апарати за домаќинство -)

(- Балкански регион -)

Опис на работната позиција:

Оваа позиција е фокусирана на тактичките активности поврзани со производите од доделените категории. Ќе соработувате тесно со тимовите за управување со производи и маркетинг на Neptun од една страна, и со производствените добавувачи од друга страна, за да се спроведе продажната стратегија на компанијата.

Груп продукт специјалистот треба да може да анализира информации и податоци од доделените пазари и да обезбеди применливи увиди кои ќе обезбедат вредност и за бизнисот и за клиентите. Треба да гради и одржува професионални и континуирани односи со клиентите.

Основни одговорности 

  • Подготвува предлози за развој на нови производи и подобрување на постоечкото портфолио врз основа на анализа на пазарот и потребите на клиентите
  • Врши проверки на квалитет на испорачаните производи
  • Континуирано анализира пазарни трендови и подготвува месечни и квартални извештаи
  • Обезбедува целосна документација за развој на нови производи (спецификации, дизајн и сл.)
  • Навремено и ефикасно решава проблеми и поплаки од клиенти
  • Соработува со фабрики и тимови за производи низ целата групација
  • Следи активности на клиентите поврзани со брендот (продажба и маркетинг)
  • Подготвува стратегија за производна линија и продажба за пазарите во кои е присутен брендот
  • Истражува нови канали за набавка и анализира потенцијални добавувачи
  • Анализира конкуренција и подготвува ценовна стратегија
  • Редовно следи продажба и залихи
  • Одредува количини, спецификации, трошоци и рокови за нарачки 

Потребни квалификации:

  • Одлично познавање на индустријата за потрошувачка електроника и пазарните трендови
  • Универзитетска диплома во областа на бизнис, економија или технички науки (предност)
  • Минимум 3 години искуство во набавка, продажба или управување со производи
  • Одлично познавање на англиски јазик (задолжително)
  • Познавање на албански јазик е предност
  • Одлично познавање на MS Office
  • Одлични комуникациски и преговарачки вештини
  • Аналитичко размислување и способност за решавање проблеми

Нашата компанија нуди:

  • Стимулативна, пријатна и динамична работна средина
  • Конкурентна плата и можности за личен и професионален развој
  • Бонуси според постигнати резултати
  • Работно место: Скопје, Македонија
  • Работно време: понеделник-петок; 07:30/08:00 – 15:30/16:00часот

Ако си енергична, амбициозна и самостојна личност со страст за резултати – ти си токму личноста што ја бараме!

Аплицирај најдоцна до: 13.07.2025

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »