Оператор во сектор Движење на нафта и деривати (5 извршители)

За компанијата: Компанијата ЕСИ (Employment Services International) е присутна на пазарот од мај 2007, како агенција за услуги кои се однесуваат на човечките ресурси. Наша цел е да понудиме комплетни решенија за раководење... повеќе за компанијата »

Најголемиот снабдувач на горива во земјата ОКТА АД-Скопје, во соработка со ЕСИ (Employment Services International), објавува оглас и нуди можност за вработување на работната позиција:

 Оператор во сектор Движење на нафта и деривати (5 извршители)

РАБОТНИ ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ:

  • Учествува во процесите при работа и контрола на работата и исправноста во инсталациите за утовар, истовар од авто и вагон цистерни, резервоарскиот парк и пумпните станици.
  • Учествува во процесите на мерење и мострирање на резервоарскиот парк, изготвува соодветна документација при утовар, истовар, вагање.
  • Одговара за спроведување на мерките за сигурност и употреба на колективните и личните заштитни средства.
  • За време на работа одговара за работната дисциплина, редот и хигиената на своето работно место.
  • Професионален однос кон трети лица учесници во ланецот на утовар/истовар и контрола
  • По потреба учествува во превентивни и корективни активности поврзани со опремата

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

  • ССС, предност ќе има имаат кандидати од технички струки (машинска, електро, градежна, хемиска).
  • Работното искуство не е предуслов.
  • Претходно работно искуство во работа со нафтени деривати, работа на терен, работа со SAP информациски систем, работа со пумпи, инструментална и друга слична опрема ќе се смета за предност.
  • Основно познавање на англиски јазик
  • Основно познавање на МS Office
  • Активен возач, Б-категорија

ПОТРЕБНИ ВЕШТИНИ И СПОСОБНОСТИ

  • Добра психо-физичка кондиција
  • Способност за работа на висина, на отворено, во услови на зголемени испарувања на нафтени деривати, во услови на бучава
  • Комуникациски вештини, ориентираност кон тимска работа, организациски вештини, доверливост, чесност, лојалност, непристрасност, одговорност
  • Сменско работење (во три смени)

НУДИМЕ:

  • Работа во позитивна и конкурентна работна средина со можност за напредување
  • Организиран превоз до работа
  • Организирана исхрана
  • Плата и други бенефиции согласно политиката на компанијата

 

Доколку ги исполнувате наведените критериуми, своите биографии испратете ги на [најави се за да го видиш е-маилот] и наведете ја позицијата за која аплицирате. Огласот е активен до: 15-ти Август 2019 година

 

ЕСИ (Employment Services International)

ул. Костурски херои 62/1,1000 Скопје

T: +389 2 3246-899, Ф: +389 2 3246-897
[најави се за да го видиш е-маилот] , www.esi.mk

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · забава · hr вести · hr совети · блог
барај огласи за вработување »