Пивара Скопје АД лого

Бренд менаџер за премиум жестоки пијалаци (м/ж)

За компанијата:

Пивара Скопје АД е една од водечките компании во Македонија, заедничко вложување помеѓу Coca-Cola HBC и Heineken. Неговата успешна приказна започна во 1922 година и е резултат на огромна посветеност, енергија, знаење, искуство и тимска работа вложени од генерации професионалци.

повеќе за компанијата »

Активни огласи од Пивара Скопје АД:

Партнер за таленти - Пракса - Coke Summership 2025

Бренд менаџер за премиум жестоки пијалаци

м/ж



КОИ СМЕ НИЕ

Ние сме Пивара Скопје, неприкосновен лидер на пазарот за производство и продажба на безалкохолни пијалаци, пиво и премиум алкохолни пијалаци., Постојано растеме и сме посветени на одржливиот развој како една од нашите главни заложби. Ние сме продажно-ориентирана компанија која континуирано воведува иновации во секојдневното работење и постојано ја проширува палетата на производи, одржувајќи највисоко ниво на квалитет и богатство од вкусови, со цел да бидеме 24/7 партнер за пијалаци.

Тука сме повеќе од 100 години и го поврзуваме нашето културно-историско богатство заедно со моќта на двете глобални групации на кои припаѓаме - Coca-Cola HBC и HEINEKEN. Постојано откриваме нови начини на испорака на најдобра услуга на нашите купувачи и уникатно искуство на нашите потрошувачи. И ќе продолжиме да го правиме тоа на начин што ќе ги инспирира нашите луѓе да победуваат како еден заедно со нашите купувачи.

Повеќе од 100 години градиме силни партнерства со нашите купувачи, потрошувачи и заедницата . Заедно создаваме, заедно растеме и заедно им се радуваме на сите досегашни успеси и на оние што допрва ќе дојдат, затоа што ние сме партнери засекогаш!

Заради зголемен обем на работа, и проширување на брендовите, го прошируваме и тимот за премиум жестоки пијалаци и отвoраме нова работна позиција за Бренд менаџер за премиум жестоки пијалаци!

 

ШТО НУДИМЕ?

  • Целосно дигитализиран процес на работа базиран на современи алатки и технологии
  • Флексибилност во организирање на работното време
  • Хибриден модел на работа кој овозможува работа од дома
  • Фит кит – бесплатна месечна чланарина која овозможува пристап до повеќе од 300 спортски активности
  • Исплата на бонус согласно корпоративните, локалните и индивидуалните остварувања
  • Годишно зголемување на плата врз основа на индивидуални перформанси
  • Бесплатни компаниски производи за роденден и празници
  • 24/7 осигурување од незгода
  • Можности за обуки и развој поддржани од две интернационални корпорации

ТВОИТЕ РАБОТНИ ЗАДАЧИ:

  • Развој и имплементација на маркетинг плановите во согласност со бизнис целите.
  • Анализирање на маркетинг трендовите и однесувањето на потрошувачите за идентификација на нови можности за развој на брендовите
  • Процена на ефективноста на маркетинг програмите и имплементација на решенија за подобрувања на процесот.
  • Меѓусекторска соработка за непрекинат тек на  BTL маркетинг активностите
  • Организација на соработката со маркетинг агенциите и воспоставување јасни комуникациски процеси.

ШТО БАРАМЕ:

  • Високо образование во областа на Маркетинг или поврзана област (Односи со јавноста, трговски маркетинг, развој на производи)
  • Докажано работно искуство во бренд менаџмент и развој на маркетинг стратегии, идеално во FMCG индустрија
  • Изразени аналитички вештини за донесување стратешки одлуки, способност за управување со буџет
  • Исклучителна комуникативност и лидерски вештини, со страст за иновација и развој
  • Добро познавање на англиски јазик и MS Office

Ако си подготвен/а да направиш импакт и да ги направиш нашите брендови уште поуспешни, ти си човекот за нас! Аплицирај сега да се приклучиш на тимот #Пиварци како Бренд Менаџер. Ајде заедно да направиме една успешна приказна! 

Аплицирај најдоцна до 15.06.2025г. 

Неделното работно време за позицијата е од понеделник до петок, 40 работни часа. Договорот за вработување е на определено време од 6 месеци со можност за продолжување на неопределено време.

Избор на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45/90/120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавените кандидати.

Со праќање на вашата апликација, давате согласност вашите податоци да бидат задржани и користени од компанијата во рок од 1 (една) година.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · забава · hr вести · hr совети · блог
барај огласи за вработување »