
За компанијата: Предизвиците во областа на човечките ресурси не се само наша секојдневна работа, туку се и наша страст. Нашето знаење и експертиза ни дозволуваат да имаме уникатен пристап кон секоја задача. Нашите клиенти...
повеќе за компанијата »Во име на својот клиент Галеника, производител на генерички лекови, диететски суплементи, медицински средства и производи за секојдневна употреба, ДЕКРА ја објавува позицијата:
- Медицински Претставник за Скопје и западна Македонија
ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО
- Понуда, промоција и презентација на фармацевтски производи;
- Секојдневна посета, развој и одржување на односите со доктори и фармацевти;
- Имплементација на маркетинг планови и реализација на зададени цели согласно компаниската стратегија;
- Редовни извештаи;
- Учество и организирање на стручни собири;
- Следење и анализа на фармацевтскиот пазар.
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ
- ВСС – Фармација, Стоматологија, Медицина;
- Мин. 1 година работно искуство во областа;
- Одлично познавање на MS Office пакетот;
- Одлично познавање на Англиски јазик;
- Возачка дозвола, Б категорија.
ПРОФЕСИОНАЛНИ ЗНАЕЊА И СПОСОБНОСТИ
- Одлични комуникациски, презентациски и преговарачки способности;
- Организираност и одговорност кон доверените работни задачи;
- Самодоверба, одлучност и упорност;
- Способност за работа под притисок и рокови.
ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ
Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите професионални биографии можат да ги испратат на [најави се за да го видиш е-маилот]
Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.
*Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА.
Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта: [најави се за да го видиш е-маилот]
Слични огласи »