ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје е Друштво за неживотно осигурување кое се стреми кон брз развој и зголемено учество на пазарот на осигурување во Република Северна Македонија. На нашите вработени им нудиме динамична работа со можност за професионален развој и надоградба како и одлични услови за работа во средина со амбициозен и професионален тим.
Во согласност со нашата цел и стратегија имаме потреба од мотивирани и талентирани кандидати за вработување на следната работна позиција:
Самостоен Референт за продажба на осигурување во Генерална дирекција
Самостоен Референтот за продажба на осигурување во Генерална дирекција врши истражување на пазарот на осигурување, постојано реализира посети на правни лица за продажба на осигурување, бара и придобива нови клиенти, врши продажба на полиси за различни видови на класи на осигурување а особено на класите за доброволно осигурување, врши промоција на продуктите на Друштвото, дава поддршка и помага на осигуреникот околу остварување на своите права од осигурување, се грижи за навремена наплата на премијата на осигурување, ги обновува постојните полиси за осигурување како и одржува контакти со клиентите и ги известува за сите значајни промени во Друштвото.
Потребни квалификации и карактеристики:
- Високо образование
- Најмалку 5 години работно искуство во осигурување;
- Одлични комуникациски вештини;
- Ориентираност кон продажба и клиенти;
- Професионален пристап кон работните обврски;
- Способност за тимска работа;
Доколку сте продажно ориентирани и сакате да станете дел од нашето Друштво, испратете ни ваше CV на следната е-маил адреса: [најави се за да го видиш е-маилот] , со назнака “Оглас за вработување на Самостоен Референт за продажба на осигурување во Генерална дирекција.
Со доставувањето на вашата апликација потврдувате дека прифаќате вашата апликација и лични податоци да бидат земени во предвид за идните потреби од нови вработувања на Друштвото.
Напомена: Само кандидатите што ќе влезат во потесниот круг ќе бидат повикани на интервју.