Зегин ДОО Скопје лого

Административен работник

За компанијата: Зегин ДОО е првата приватна компанија во Република С. Македонија регистрирана за продажба на лекови. Како една од најуспешните и најголемите компании кај нас, со најдобра инфраструктура и најголема дистрибутивна... повеќе за компанијата »

(преземи го огласот како слика)

 

Го прошируваме нашиот тим, охрабрете се и аплицирајте за отворената позиција: АДМИНИСТРАТИВЕН РАБОТНИК

Основни задачи и одговорности:

  • Поднесување на барање за овластување на порталот на ФЗОМ
  • Генерирање на XML  фајлови позитивна листа
  • Прикачување на фајлови со рецепти на порталот на ФЗОМ
  • Генерирање на спецификации и фактури од порталот на ФЗОМ за одредени aптеки
  • Контрола на фактури на порталот на ФЗОМ
  • Регистрација на корисници на порталот на ФЗОМ
  • Учество во процес за генерирање на дигитален сертификат

Посакувани карактеристики:

  • ВСС, ССС
  • Работно искуство во областа на Човечки ресурси и ИТ хелп деск
  • Искуство во работа поврзана со реализација на рецепти (Е-Рецепт)
  • Одлично познавањена Windows и MS Office пакетот
  • Возачка дозвола Б категорија

Очекувани вештини и способности:

  • Развиени организациски, лидерски и комуникациски способности
  • Самоиницијативност и лојалност во извршувањето на работните задачи
  • Ориентираност кон остварување резултати и наоѓање решенија
  • Професионален и позитивен однос
  • Флексибилност за работа во динамична атмосфера
  • Способност за тимска работа

Што нудиме:

  • Стимулативна плата и бенефиции 
  • За најдобрите вработени – наградно патување
  • Иновативна работна средина и мотивирачка организациска култура
  • Континуиран професионален развој преку учество на симпозиуми, конференции и континуирани обуки
  • Настани и активности за добросостојба на вработените (Employees wellbeing)
  • Работно време: Понеделник – Петок; (флексибилно работно време)

Доколку сте енергични, храбри и полни со ентузијазам за личен развој и напредување и поседувате професионални компетенции за успешно работење во областа наведена погоре, Ве покануваме да аплицирате преку полето ПРИЈАВИ СЕ со прикачување на Вашата биографија на македонски јазик.

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »