
За компанијата: Винора Дооел е фирма со 15 годишно постоење на македонскиот пазар специјализирана за продажба и сервис на висококвалитетна медицинска опрема.
Фирмата располага со широк асортиман на медицинска апаратура и нуди соодветни решенија во различни области од медицината.
повеќе за компанијата »Реномирана фирма ВИНОРА ДООЕЛ Скопје, со долгогодишно искуство во продажба и сервис на медицинска опрема од познати германски произодители има потреба од 1 (едно) лице за позиција Сервисер на медицинска опрема
На огласот можат да конкурираат кандидати кои сметаат дека ги поседуваат долунаведените лични карактеристики и потребни квалификации
- Минимум средно електро техничко или ВСС, електро факултет, предност слаба струја, телекомуникации
- Пожелно претходно искуство од 3 години во слична или иста област
- Активно познавање на Office , Outlook Express и предност е познавање на AutoCad
- Активно познавање на технички англиски јазик (пишан и говор)
- Комуникациски способности со клиенти
- Континуирано усовршување со обуки во странство (стручни, индивидулни,..)
- Способност за тимска работа;
- Самоиницијативност;
- Динамична работна средина и работа со искусен тим
- Поседување на возачка дозвола Б категорија (активен возач)
- Желба за постојано учење и напредување во работата
Опис на работно место:
- сервис на медицинска опрема од различни производители
- Работа на терен (низ цела држава)
- Одговорен за редовно известување на претпоставеиот за завршените работни задачи, уредно водење на документација
- Исполнување на предвидените задачи во предвиден рок,
Нудиме:
- Можност за сигурно и долгогодишно вработување
- Работен однос со 40 часа неделно со работно време од понеделник до петок од 07:30h до 15:30h
- Постојана поддршка и помош од целиот тим на Работодавачот во периодот потребен за адаптација;
- Одлична работна атмосфера;
- Можност за напредок доколку кандидатот покаже желба, знаење и способност да се носи со своите работни обврски;
- Можност за учење и стекнување нови вештини;
- Редовна Плата (износот зависи од образовните квалификации и работното искуство)
Доколку сметате дека Вие сте идеалната личност за оваа работна позиција, испратете ни го вашето CV на [најави се за да го видиш е-маилот] со наслов: “за работна позиција Сервисер”.
Само кандидатите кои ќе влезат во најтесниот круг ќе бидат контактирани од страна на претставнци на нашата компанија.
Останати огласи »