
За компанијата: Септима ДООЕЛ Скопје е приватна компанија основана 2000 година. Дејност на компанијата е промет на големо со фармацевтски производи, медицински помагала, диететски суплементи, козметички и хемиски производи и останати производи од асортиманот потребни за аптека.
повеќе за компанијата »СЕПТИМА ДООЕЛ Скопје
Со цел понатамошно обезбедување на континуиран и долгорочен пораст и развој на компанијата, распишуваме конкурс за работна позиција:
КОМЕРЦИЈАЛЕН СОРАБОТНИК
Потребни квалификации:
- Средна стручна спрема IV/1
- Познавање на MS Office пакетот
- Возачка дозвола Б категорија
- Пожелно работно искуство во продажба
Опис на работата:
- Промоција и продажба на производите
- Изработка и имплементација на маркетинг планови и реализација на зададени цели
- Редовни извештаи од теренската работа
- Следење и анализа на пазарот
Потребни вештини и способности:
- Одлични комуникациски и продажбени способности
- Организираност и одговорност кон доверените работни задачи
- Флексибилност и способност за тимско работење
- Спремност да се носи со предизвици и кратки работни рокови
Ние нудиме:
- Работа во амбициозен и професионален тим
- Континуирана едукација и стимулативна работа
Доколку ги исполнувате наведените критериуми и сте заинтересирани за работа во динамично опкружување, Ви нудиме одлични услови за работа, обука како и можност за искажување на своите професионални способности.
Ве молиме Вашето CV да го доставите на e-mail: [најави се за да го видиш е-маилот]
Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесниот круг на избор
Слични огласи »