Pikasa е компанија за анализа на податоци специјализирана за развој и имплементација на алатки, софтвер, алгоритми за машинско учење, обуки и консултации со цел да им помогне на своите партнери да го разберат медиумското опкружување и да донесуваат информирани одлуки. Со над 15 години искуство во работа со компании, организации и институции во повеќе од 30 пазари и региони, ние им помагаме на тимовите да пристапат до уникатни податоци од илјадници медиумски канали, социјални медиуми, со милиони дигитални и социјални медиумски содржини.
Во комбинација со искусен тим составен од доктори по науки за податоци, искусни медиумски експерти, дата сајентисти, аналитичари, софтверски развивачи и креативен персонал, ние развивме неколку производи за мониторинг на медиуми во реално време и технолошки капацитет за креирање на прилагодени решенија.
Успеавме да одговориме на некои од најголемите предизвици поврзани со користењето на дигитални и социјални медиуми за ширење пропаганда, идентификување на канали, модели и спроведување истражувачки задачи.
Опис на позицијата
Pikasa има потреба од Координатор / Одговорен за возен парк, кој ќе биде задолжен за целокупното управување, одржување и организација на службените возила, со цел обезбедување безбедно, економично и ефикасно користење на возниот парк.
Работни задачи и одговорности:
- Управување и следење на состојбата на возниот парк
- Организација и координација на сервисирање, регистрација и технички прегледи
- Следење на потрошувачка на гориво и трошоци поврзани со возилата
- Водење евиденција за возила, осигурувања и документација
- Комуникација со сервиси, осигурителни компании и добавувачи
- Контрола на користење на возилата од страна на вработените
- Предлагање мерки за оптимизација и намалување на трошоците
- Административна поддршка и учество во подготовка, водење и ажурирање на документација поврзана со возачите
Потребни квалификации:
- Завршено средно образование
- Возачка дозвола Б категорија
- Основно познавање на техничка состојба на возила
- Организираност, одговорност и прецизност
- Добри комуникациски вештини
- Основно познавање на работа со компјутер (MS Office)
Кандидатите можат во секое време да го повлечат своето согласување, со испраќање писмено известување на [најави се за да го видиш е-маилот]
Сите заинтересирани кандидати може да аплицираат на копчето за брза апликација, своите професионални биографии можат да ги проследат и на: [најави се за да го видиш е-маилот] (со назначена позиција за која сте заинтересирани)
Напомена: Со испраќање на пријавата, кандидатот дава согласност компанијата да ги обработува неговите лични податоци во постапката за селекција во склад со законот за заштита на лични податоци.
* Кандидатoт, во секое време, може да ја повлече согласноста со испраќање на известување на електронската пошта [најави се за да го видиш е-маилот]