
За компанијата: ВАРУС ДООЕЛ од Скопје е едно од првите приватни друштва за промет на големо со лекови, хемикали, реагенси, лабараториски потрошен материјал, опрема и медицински помагала, основано во 1990 година, со цел да ги задоволи барањата на потрошувачите.
повеќе за компанијата »Работно место:
Медицински претставник
Сектор:
Сектор за маркетинг и продажба - лекови
Кратка содржина на работните задачи:
Маркетинг и продажба на Генерална медицина-Мерк и Бионика препарати, посета на општи лекари, интернисти, специјалисти и фармацевти. Постигнување и престигнување на планираната продажба преку продажни техники, промоции и градење долгорочни односи со клиентите
Потребни квалификации за работното место:
Завршено високо стручно образование за медицински науки; Возачка дозвола Б категорија; познавање на англиски јазик; познавање на компјутерски програми во MS Office;способност за презентација, комуникациски вештини и тимска работа.
Опис на работните задачи:
- Следење и постигнување на планот за продажба
- Сегментирање на клиентите
- Исполнување на планот за посети според однапред изработени рути
- Наоѓање на нови клиенти и градење на долгорочни односи
- Водење сметка за побарувањата и управување со приговорите на клиентите
- Постојано едуцирање за производите и усувршување на продажните
- Подготовка и одржување на презентации за постоечките и нови препарати на клиенти
Слични огласи »