РЖ УСЛУГИ АД Скопје ги смета своите човечки ресурси за клучен фактор за одржлив развој.
Ние се потпираме на вештините и залагањата на нашите луѓе од сите нивоа на хиерархијата.
Наша цел е да ги привлечеме, развиваме и задржиме најдобрите професионалци, при што им
овозможуваме креативен развој на кариера и ги наградуваме нивните резултати. На тој начин
стекнуваме долготрајни вредности и конкурентска предност.
РЖ УСЛУГИ АД Скопје објавува оглас за вработување на
Сметководител со минимум работно искуство 3 год.
работно време 08-16ч
Квалификации на кандидатите:
· Уверение за сметководител издадено од Институтот на сметководители и овластени сметководители на РМ
Минимум работно искуство 3 год.
Конкурентски предности за сите работни позиции:
· Желба за работа во средина со високи барања
· Одлични аналитички, комуникациски и организаторски способности
· Динамичност, ефективност и ефикасност
· Флексибилност и адаптибилност
· Посветеност, мотивираност, иницијативност
· Тимска работа и кооперативност
· Решавање на проблеми
Кандидатите треба да ја приложат и следнава документација:
· Биографија (CV)
· Доказ за завршено образование
Огласот трае 15 (петнаесет) дена од денот на објавувањето.
Кандидатите треба да ги исполнуваат општите услови предвидени со Закон.
Вработувањето е со полно работно време (40 часа неделно).
Аплицирањето се врши со испраќање на потребните документи на следната е-маил адреса [најави се за да го видиш е-маилот] ,
со назнака “ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ – Позиција за која се конкурира “
Сите апликации ќе се сметаат строго доверливи.
Контактирани ќе бидат само кандидатите избрани за интервју.
Краен рок за пријавување: 10.03.2022