Штедилница Можности лого

Службеник

За компанијата:

Штедилница Можности е финансиска институција која постои повеќе од 22 години на финансискиот пазар во Република Северна Македонија, додека почетоците на микро кредитирањето преку Можности датираат од 1996 година.

повеќе за компанијата »

Штедилница Можности вработува службеници за работа со клиенти во експозитурата во Струга.

Потребни квалификации:

  • Универзитетска диплома од областа на економијата и добри познавања на основните финансиски извештаи (биланс на состојба, биланс на успех и парични токови)
  • Задолжително познавање на Англиски јазик
  • Задолжително поседување на возачка дозвола
  • Способност за тимска работа
  • Одлични аналитички и математички способности

Краток опис на работните задачи:

  • Промоција и продажба на финансиски продукти
  • подготовка на анализи и финансиски извештаи за дејноста на клиентот
  • проценка на кредитното барање и кредитната способност на клиентите
  • помош на корисниците на кредит и на кредитобарателите во одредување на нивните бизнис потреби
  • градење на квалитетни долгорочни односи со клиентите
  • грижа за квалитетот на кредитното портфолио

Кандидатите кои што ќе аплицираат за вработување треба да имаат исклучителни комуникациски способности, да ги разбираат актуелните економски случувања и да ги познаваат бизнисите во регионот. Искуството не е задолжително но ќе се смета за предност.

Штедилница Можности нуди интересна и динамична работна средина со одлични услови за работа и утврдено работно време од 08:00 до 16:00, односно од 09:00 до 17:00 часот во просториите на експозитура Струга.

Заинтересираните кандидати можат да аплицираат и да испратат биографија – CV на e-mail: [најави се за да го видиш е-маилот] , или да аплицираат преку web страната www.moznosti.com.mk/ во делот кариера со назнака за позицијата за која аплицираат.

Апликациите на Кандидатите кои што не ги исполнуваат условите наведени во огласот, или пратат апликации (CV) со нецелосни податоци, нема да се разгледуваат.

Заинтересираните за овие позиции можат да аплицираат од 22.01.2017 до 29.01.2017 година.

Штедилница Можности ќе изврши избор во законски определен рок во зависност од бројот на пријавени кандидати.

Кандидатите што ќе аплицираат за работното место се согласни за користење на нивните лични податоци во процесот на селекција.

Само кандидатите што ќе влезат во процесот на селекција ќе бидат контактирани.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »