ADRIJUS DOO

Сметководител/ка

Плата: од 70.000 до 90.000 ден.
Објавенпред еден месец
Активен до16.09.2026
ПозицијаЕкономист/Сметководител/Ревизор
ЛокацијаСкопје
Веб-страницаwww.adrijus.mk
За компанијата

Компанијата Адријус доо е формирана во 1992 година, на почетокот како фамилијарен бизнис со двајца вработени, која што постепено со годините кои изминуваат нараснува во водечка компанија во трговијата.... Повеќе за компанијата »

Опис на огласот

Сметководител/ка со лиценцаСкопје

Потребни квалификации:

  • Завршено високо образование од областа на економијата, сметководството или финансиите;
  • Поседување важечка лиценца за сметководител;
  • Познавање на сметководствените прописи и даночната регулатива;
  • Способност за самостојно, точно и навремено извршување на работните задачи;
  • Одлично познавање на Microsoft Office, особено Microsoft Excel;
  • Организираност, одговорност и внимание кон деталите;
  • Способност за тимска работа и професионална комуникација.

Работни обврски:

  • Водење на целокупната сметководствена евиденција на компанијата;
  • Книжење на влезни и излезни фактури, банкарски изводи и друга финансиска документација;
  • Подготовка и контрола на финансиски и сметководствени извештаи;
  • Следење на побарувањата и обврските на компанијата;
  • Подготовка на даночни пријави и документација во согласност со важечките прописи;
  • Усогласување на сметководствените евиденции и контрола на документацијата;
  • Комуникација со банки, институции, клиенти и добавувачи;
  • Следење на законските измени од областа на сметководството и даночното работење;
  • Архивирање и уредно чување на финансиската документација.

Нудиме:

  • Почетна плата од 75.000 денари;
  • Полно работно време – 40 работни часа неделно;
  • Редовни месечни примања;
  • Стабилна и долгорочна работна позиција;
  • Пријатна и професионална работна средина;
  • Можност за професионален развој.

Слични огласи за работа

Повеќе

Едукација и обуки

Повеќе