Од менаџер до лидер - стилови на водење на компаниите...

За компанијата: Промотивни огласи на KARIERA.mk. Доколку сакате да објавите ваш оглас и да ги најдете најдобрите кандидати за вашите работни позиции, креирајте сметка на сајтот и објавувајте огласи бесплатно. повеќе за компанијата »
  • Објавен на 1.2017
  • ПРОМО
  • Активен до 27.01.2017
  • Позиција: Останато
  • Локација: Скопје
  • Веб: kariera.mk

ОД МЕНАЏЕР ДО ЛИДЕР - СТИЛОВИ НА ВОДЕЊЕ НА КОМПАНИИТЕ

(Како менаџерите да ги изградат своите лидерски вештини?) 
- Обука наменета за среден и висок менаџмент - 
30 јануари 2017 година (понеделник), 10.00 – 16.00 часот
Институт Концепт, Скопје

Топ 10 разлики помеѓу менаџер и лидер:

  • Менаџерите реагираат на промени - лидерите ги создаваат
  • Менаџерите комуницираат - лидерите убедуваат
  • Менаџерите управуваат со вработените - лидерите имаат следбеници
  • Менаџерите користат контрола - лидерите стекнуваат доверба
  • Менаџерите се приспособуваат на промени - лидерите креираат промени
  • Менаџерите се фокусираат на системи и структура - лидерите се фокусираат на луѓето
  • Менаџерите администрираат - лидерите иновираат
  • Менаџерите прашува како и кога - лидерите прашува што и зошто
  • Менаџерите преземаат заслуги - лидерите преземаат одговорност
  • Менаџерите практикуваат моќ и авторитет - лидерите ја развиваат моќта кај луѓето

Ве предизвикуваме да се трансформирате во успешни лидери кои ќе развиваат ефикасни тимови, ќе ги мотивираат тимовите, ќе воведуваат промени и ќе одговорат на предизвиците на современото работење.

Институт КОНЦЕПТ во текот на 2017 година ќе организира циклус на обуки наменети за менаџерите во компаниите (врвен и среден менаџмент и тим лидери). Со обуката: “Од менаџер до лидер - стилови на водење на компаниите„, која ќе се реализира на 30 јануари, го најавуваме почетокот на циклусот обуки.

Содржина на обуката:
1.  Менаџерите како основа на ефикасни и продуктивни тимови

  • “Урбани“ митови за менаџерите, што е вистина, а што не?
  • Клучни карактеристики на добрите менаџери
  • Главни задачи на менаџерите
  • Како до подобрување на стилот на управување
  • Дефинирање на тимови, нивни карактеристики и тимска работа
  • Групна клима и култура
  • Делегирање на улоги во тимовите
  • Фази на развој на ефикасни и високопродуктивни тимови
  • Задачи и предизвици во секоја фаза од развој
  • Дефинирање на цели, но и меѓусебни очекувања во тимовите
  • Најефикасен и набрз начин на остварување на тимските и организациските цели
  • Остварување на успешна соработка помеѓу членовите во тимот
  • Донесување на одлуки поединечно и во рамки на тим
  • Вештини потребни за да се согледаат проблемите и задачите од гледна точка на тимот
  • Важност на повратни информации во комуникацијата помеѓу менаџерот и тимот
  • Успешен менаџер = успешен лидер

2.  Како до успешен лидер - препознавање на вистинската природа на лидерството

  • Кои се главните задачи на лидерите
  • Клучни карактеристики, вештини и способности на лидерите
  • Како “организацијата која учи“ поттикнува остварување на цели и развој на компанијата
  • Креирање на визија и стекнување на доверба на тимот
  • Разлики помеѓу традиционалните и современите лидери
  • Клучни разлики помеѓу улогата на менаџерите и улогата на лидерите
  • Лидерството во модерните компании – модел на превртена пирамида
  • Стилови на водење на компаниите и воведување на бизнис промени
  • Ситуационо лидерство – различни стилови на лидерство во различни ситуации
  • Како да се стекнат и мотивираат следбениците на лидерот
  • Најчести причини за демотивација на вработените
  • Интерната комуникација во функција на мотивирање на вработените
  • Димензии на лидерството: усогласување и прилагодување

Обуката се базира на вежби, дискусии, интеракција, играње на улоги и примери и ситуации од секојдневното окружување.

За кого е наменета обуката:

Обуката е наменета за сите менаџери, лидери на тимови, директори на мали и средни претпријатија, од кои се очекува (и е потребно) успешно управување со ресурсите на компанијата, водење на тимовите, а се во насока на остварување на компаниските цели.

Предавач:
Зоран Витанов – Со-сопственик на ТРЕЈД КОНСАЛТИНГ, претседател на Асоцијацијата на Менаџери на Македонија, Интернационален ЦЕФЕ тренер, Мотиватор.

Сите заинтересирани за учество на оваа обука можат да се пријават најдоцна до 26 јануари 2017 година.

Цената за еден учесник изнесува 6.000 денари + ДДВ.    
За секој нареден учесник од иста институција котизацијата изнесува 5.000 денари +ДДВ.

Сите учесници на обуката ќе добијат 

  • работен материјал
  • Сертификат за учество
  • кафе и освежување
  • закуска

Во прилог Ви доставуваме Пријавен лист. 

За сите дополнителни информации во врска со обуката слободно контактирајте со:
м-р Бојана Делидинкова и м-р Ленче Зикова, тел. 02 3128 526, 02 3128 525, 
e-mail: [најави се за да го видиш е-маилот] .

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Останати огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · забава · hr вести · hr совети · блог
барај огласи за вработување »