Пивара Скопје АД лого

Специјалист за клучни купувачи во ХоРеКа каналот - за западен регион

За компанијата:

Пивара Скопје АД е една од водечките компании во Македонија, заедничко вложување помеѓу Coca-Cola HBC и Heineken. Неговата успешна приказна започна во 1922 година и е резултат на огромна посветеност, енергија, знаење, искуство и тимска работа вложени од генерации професионалци.

повеќе за компанијата »

СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА КЛУЧНИ КУПУВАЧИ ВО ХОРЕКА КАНАЛОТ- за западен регион

КОИ СМЕ НИЕ

Ние сме Пивара Скопје, неприкосновен лидер на пазарот за производство и продажба на безалкохолни пијалаци, пиво и премиум алкохолни пијалаци. Постојано растеме и сме посветени на одржливиот развој како една од нашите главни заложби. Ние сме продажно-ориентирана компанија која континуирано воведува иновации во секојдневното работење и постојано ја проширува палетата на производи, одржувајќи највисоко ниво на квалитет и богатство од вкусови, со цел да бидеме 24/7 партнер за пијалаци.

Тука сме повеќе од 100 години и го поврзуваме нашето културно-историско богатство заедно со моќта на двете глобални групации на кои припаѓаме - Coca-Cola HBC и HEINEKEN. Постојано откриваме нови начини на испорака на најдобра услуга на нашите купувачи и уникатно искуство на нашите потрошувачи. И ќе продолжиме да го правиме тоа на начин што ќе ги инспирира нашите луѓе да победуваат како еден заедно со нашите купувачи.

Повеќе од 100 години градиме силни партнерства со нашите купувачи, потрошувачи и заедницата. Заедно создаваме, заедно растеме и заедно им се радуваме на сите досегашни успеси и на оние што допрва ќе дојдат, затоа што ние сме партнери засекогаш!

ШТО НУДИМЕ?

  • Фиксен и варијабилен надоместок на плата;
  • Службено возило;
  • Иновативни и целосно дигитализирани алатки за работа; 
  • Академија за продажба сертифицирана од Coca Cola HBC која овозможува унапредување на продажните и преговарачките вештини;
  • Фит кит – бесплатна месечна члeнарина која овозможува пристап до повеќе од 300 спортски активности;
  • Годишно зголемување на плата врз основа на индивидуални перформанси;
  • Бесплатни компаниски производи за роденден и празници;
  • 24/7 осигурување од незгода;

ТВОИТЕ РАБОТНИ ЗАДАЧИ:

  • Привлекување нови купувачи и преговарање за договори со клучни купувачи
  • Посета на купувачите со цел одржување на долгорочни квалитетни односи со нив
  • Мапирање на потенцијалот на пазарот
  • Активно барање и регрутирање нови купувачи во рамки на Premium HoReCa каналот
  • Градење и континуирано подобрување на односите со клиентите
  • Планирање и спроведување промоции и настани во зависност од планот на брендот
  • Управување со буџети преку месечни проверки со сите засегнати страни во компанијата
  • Остварување на поставените таргети за кои следува дополнителен надоместок.

ШТО БАРАМЕ:

  • Високо образование ќе се смета за предност;
  • 2+ години работно искуство во Продажба (пожелно во HoReCa каналот) 
  • Возачка дозвола Б-категорија;
  • Добро познавање MS Office (Excel, Word, Power Point);
  • Добро познавање на англиски јазик;

Доколку се пронаоѓаш во описот и си подготвен/а за нови предизвици и можности за развој, аплицирај најдоцна до 01.08.2025г. 

Неделното работно време за позицијата е од понеделник до петок, 40 работни часа. Избор на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45/90/120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавените кандидати. Со праќање на вашата апликација, давате согласност вашите податоци да бидат задржани и користени од компанијата во рок од 1 (една) година.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »