
За компанијата:
ЗА НАС Компанијата ЗСФ КОМ, во своето долгогодишно работно искуство има успешно инвестирано, проектиранo и изведено бројни проекти од областа на архитектурата и градежништвото. Главни карактеристики... повеќе за компанијата »
АРХИТЕКТ
ЗСФ КОМ ДООЕЛ од Скопје објавува оглас за вработување за позиција – АРХИТЕКТ.
Главни одговорности:
- Разработка на проектни документи
- Комуникација и координација со инженери,изведувачот и други тимови
- Водење на проекти и учество во проектирање на градби од делокруг на струката и изработка на проекти за организација и реализација на изградба, реконструкција или одржување на градежни објекти
- Следи прописи и законски акти од Законот за градежништво и слични закони
- Изготвување на документација за примопредавање
Потребни квалификации:
- Завршено високо образование
- Работа со компјутери, познавање на MS Office, и Auto CAD
- Документирање, изработување на понуди, градежни дневници, градежни книги и ситуации
- Работа на терен
- Одлично познавање на постапката за изработка на основен проект и добивање одобрение за градење
- Кандидатот треба да биде комуникативнен и прилагодлив, подготвен за тимска работа во динамична работна атмосфера
Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените критериуми можат да аплицираат со биографија (CV) на следната емаил адреса: [најави се за да го видиш е-маилот]
Слични огласи »