
За компанијата: Зегин ДОО е првата приватна компанија во Република С. Македонија регистрирана за продажба на лекови. Како една од најуспешните и најголемите компании кај нас, со најдобра инфраструктура и најголема дистрибутивна...
повеќе за компанијата »(преземи го огласот како слика)

Го прошируваме нашиот тим, охрабрете се и аплицирајте за отворената позиција: Специјалист за набавки – категорија козметика (Buyer/Procurement Specialist)
Клучни работни обврски:
- Целосно планирање и реализација на набавки за категорија козметика
- Преговарање со добавувачи и управување со комерцијални услови и договори
- Управување и оптимизација на асортиманот во категорија козметика
- Следење и намалување на out-of-stock ситуации и прекумерни залихи
- Подготовка на извештаи и анализа за перформанс на категоријата
- Воведување нови производи и брендови, со фокус на медицинска и корејска козметика
- Рокови и навремена испорака на производи
- Координација и соработка со продажба, маркетинг и логистика
- Усогласеност со интерни процедури, политики и стандарди
- Одговорност за перформансот на категоријата во однос на продажба, маржа, залихи и достапност на производи, согласно дефинирани KPI
Потребни квалификации:
- Високо образование
- Искуство во набавка минимум 3 години / категори менаџмент (предност во козметика)
- Познавање на медицинска и/или корејска козметика ќе се смета за предност
- Одлични аналитички способности и работа со податоци
- Преговарачки и комуникациски вештини
- Активно познавање на англиски јазик
- Напредно користење MS Office
Што нудиме:
- Стимулативна плата и бенефиции
- За најдобрите вработени – наградно патување
- Исплата на сите додатоци на плата
- Иновативна работна средина и мотивирачка организациска култура
- Настани и активности за добросостојба на вработените (Employees wellbeing)
- Континуиран професионален развој преку учество на симпозиуми, конференции и обуки
- Работно време: Понеделник - Петок; (флексибилно работно време)
Доколку сте енергични, храбри и полни со ентузијазам за личен развој и напредување и поседувате професионални компетенции за успешно работење во областа наведена погоре, Ве покануваме да аплицирате преку полето ПРИЈАВИ СЕ со прикачување на Вашата биографија на македонски јазик.
Слични огласи »